Имено се направија неколку “модела финти“ - кои законодавецот ги “озакони “ - а кои им помогнаа на домашните менаџери да направат од фирмите свои поседи ...
Некаде тоа одеше со
- таканареченото одстапување на акциите на Менаџерите да управуваат со нив
- некаде менаџерите земаа кредити на свое име со залог на фирмата за да во свое име купат акции
- некаде акционерите се приморуваа по багателна цена да ги продаваат акциите на менаџерите под притисок на одказ од работното место
- некаде се обезвреднуваше фирмата до бескрај - се ставаше во загуба - за што помалку да коштаат акциите
- и многу други мангупски модели на перфидна кражба кои поминуваа кај законодавецот - по принципот кадија те тужи кадија те суди ...
- некаде се сопираа пари на вработените ... еден вид самодопринос за да гради ова она ... за да се купуваат акции
Последниот случај е и во ОХИС - кој го тресе судски процес во врска со ова - каде некои работници добиле судски процеси ...
No comments:
Post a Comment