Search This Blog

Saturday, December 23, 2006

ПОЧИТУВАЊЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ

Односот на граѓанинот према својата држава се огледа во односот на Гаѓанинот спрема почитувањето на Институциите од матичната држава ... Председателот ... Премиерот ... Владата ... Парламентот ... Судот ... Полицијата ... Војската ... Школството ... Здравството ...

Во светот на нашата демократија институциите во нашата држава - ги составуваат партите кои ги добиваат изборите ... И тоа е ОК ... како би ги спроведувале своите партиски програми ако не ги сменат најодговорните луѓе во институциите на државата - кои по изборите ги спроведуваат партиските ветувања ...

Но ... нема да откријам некоја голема вистина ако кажам дека во смена на државниот персонал .... треба да се има мерка ... мора да има континуитет на власта ...

Не е добро да се рушат сите почнати проекти на старата влада ... а со тоа да се одстрануваат и извршителите ... некои проекти се од национален интерес ... па се спроведуваат без разлика која влада ке дојде ... Кај нас секако тоа се ЕУ интегративните процеси и пристапот во НАТО ...

Осем извршната власт која на парламентарни избори се менува ... постојат поради поделбата на власта и други институции во државата ... Председателот ... Судската власт ... Локалната самоупарава и сл... Бидејки сите тие се избираат во други изборни процедури и рокови имаме ситуација да власта ја делат различни политички партии ... Преседателот е нели од една партија а Премиерот е од друга партија ... е затоа е таканаречената кохабитација ...

Соработка и почитување на институциите мора да има ... без разлика на различните партии од кои произлегуваат носителите на институциите на државата ... затоа го вбројувам во минус неприсуството на премиерот и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на годишното обраќање на Председателот на РМ ...

Тука некаде е и неопходната потреба од дијалогот Позиција - Опозиција ... Анимозитетите мора да се острават по страна и да почне вистинскиот диалог позиција - опозиција ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter