Search This Blog

Wednesday, December 13, 2006

КИНОТО - полека умира

Во нашиве прилики Киното полека умира ... Сите скопски кино сали работат со загуба и нормално е што се затвараат или пренаменуваат во друг вид на намена ... Истиот процес го има и во другите градови ... Куманово - Гевгелија - Велес и Прилеп веќе немаат кино сали ...

Веројатно голема улога игра и пиратеријата ... но секако највеќе слободниот лесно дофатлив простор на Интернет каде се симнуваат филмовите ... дури и оние најновите ...

Се сеќавам првиот допир со Киното ми беше пред земјотресот ... додека мајками се шеташе во вечерите низ центарот ... јас и сестами обично ке гледавме некава проекција на кино на отворено ... на големите зидини со бели површини во центарот ... Не се сеќавам за кои филмови се работеше ... можеби “Бал на вода“ - не е ни важно ... ми остана како спомен ...

Во селото каде сум роден - преку летото се правеа проекции за цело село ... пак на зид ... се сеќавам на крупните кадри на коњите кои галопираа и на селаните кои преплашено се тргаа од првите редови ... да не ги згази некој ... :)

Се сеќавам во младоста на киносалите Вардар 1 и 2 , Бамби , Култура ... Крцкавото кино на отворено на терасата на домот на Градежниците ... Киното на отворено во градскиот парк ... кино Бутеел ... коното во Битпазар не му го паметам името - каде се даваа првите меки порно филмови ...

Се сеќавам на честите дофрлања во кино салите од типот ... Уа шнајдери ... кога ке се исечеше некоја љубовна сцена ... имаше цензура ... се сеќавам на кратките билтени пред почетокот на филмот ... на првите нежни допири, прегратки и бакнежи во кината ... на сурушите во киносалите ... на честите аплаузи ... на семките и сончогледот ...

Незнам дали е процесот на одумирање на киното сведски процес ... но дефинитивно кината во МК полека ги снемува ...


No comments:

Blog Archive

Site Meter