Search This Blog

Wednesday, December 20, 2006

ТУМБА МАЏАРИ

Денеска дознавам од напис на денешен Дневник - Тумба-Маџари четврт век чека да стане споменик - дека ваков стратешки локалитет сеуште е во лаверинтот на правната процедура да стане зажтитен локалитет ...

Големата Мајка Богинка од Маџари, СкопјеТумбата Маџари е неолитска населба која се наоѓа во северо-источниот крај на Скопје, помеѓу денешните населби Ченто и Маџари. Во непосредна близина е на фудбалското игралиште, на околу 700 м., од левата страна на автопатот Скопје-Куманово-Велес.

Претставува мала височинка - тумба со пречник во основа од 220 м. и висина од 3 м. Со изградба на претходно споменатите населби, а особено со неконтролираното подигнување на дивоградби врз и околу неа, создаден е нов амбиент во кој тумбата дури и не се забележува. Со градежните работи културниот слој е доста оштетен. Речиси 3/4 од населбата е целосно уништен за археолошки ископувања. Останата е само северозападната периферија од населбата на која и се вршат археолошките ископувања. На овој начин констатирано е дека се работи за средно неолитска населба со 3 м. културен слој кој хронолошки припаѓа на периодот помеѓу 6000 и 4000 години пред н.е.

Покрај остатоци од населбински куќи, значајно место завземаат керамиката, но и наодите од култна пластика, посебно антропоморфната. Пред се тоа е ГОЛЕМАТА МАЈКА БОГИНКА, заштитничка на плодноста и куќата, представена на начин што е досега непознат помеѓу неолитските култури од другите балкански простори.

Горното е во целост преземено од МК википедија.


2 comments:

Unknown said...
This comment has been removed by the author.
Unknown said...

Официјална веб страница на Тумба Маџари www.tumbamadzari.org.mk

Blog Archive

Site Meter