Малите ентитети во МК кои се организирани во свои политички партии (незнам зошто воопшто има потреба од вакви партии со национални предзнаци ... - ваква организиранот на мали етнички партии има само во Балканските држави ... Веројатно е заради мајоризацијата на мнозинската нацја ...) ... одамна испорачуваат фактура ... своја желба да имаат обезбедено место во Парламентот ...
Во принцип сум за таквото место ... Вака како е поставен изборниот модел малите национални групи во МК - можат да допрат во Собранието на РМ само ако направат предизборна коалиција со двете поголеми партии во МК ... но така се втопуваат во програмските определби на двете големи МК партии.
Поради консталацијата на политичките сили во сегашниот Парламент на РМ - малите етники политички партии ја користат приликата да извршат мини блокади на Парламентот - секојпат кога ке треба да се гласа со Бадентеровот мнозинство во парламентот - како што е сега случај со изборот на Судскиот совет ...
Сегашната фактура на овие мали етнички партии е:
- да биде формирано ново министерство за малцински и човекови права,
- закон за заштита на припадниците на малцинските заедници и
- загарантирани места во Собранието за помалите етнички заедници.
No comments:
Post a Comment