Search This Blog

Thursday, December 28, 2006

СДСМ vs. ВМРО-ДПМНЕ

Ако погледнеме кој ни се занимава со професијата Политичар во МК - ке приметиме дека меѓу политичарите има многу малку Политичари од кариера и дека во политика не влегуваат интелектуалци ... зошто е тоа така ...

На МК политишка сцена доминираат две покрупни политички партиски структури - кои се менуваат на власт (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ) ... Останатите партии се или сателити на големиве две партии или се премногу малечки за да влезат на политичката сцена ...

СДСМ е партија наследничка на поранешната КПМ - која во трансформација влезе во МК политичка сцена. Имено во името на партијата го воведеа зборот “социјал-демократиски“ - но начинот на кој дејствуваат некако не е соодветен на социјалдемократските принципи .... За СДСМ се вели и дека е творец на ВМРО-ДПМНЕ (“Сина птица“-случајот) ... за да може стално да си го победува на избори ...

СДСМ ја направи неколку “реформи“ во нашата понова историја од која позначајна е таканаречената трансформација на општествениот капитал - каде по моделот на преземање на управување со Предпријатијата - фактички се пребаци сопственост на дотогашните големи директори во МК ...

Оваа структура е и главното финасиско лоби на СДСМ ... така да сега може да се каже дека со СДСМ од сенка владее ова моќно финасиско лоби ... Но СДСМ не направи на време смена на кадрите и не донесе доволно свежа нова крв во партиските редови - кои ке донесеа и нови идеии и без разлика што се најмоќна финасиска партија ги изгубија изборите ...

ВМРО-ДПМНЕ изника како феникс на првите парламентарни избори - дури и победи на нив ... но поради “немоќта“ да направи мнозинство вопарламентот т.е. да кохабитира со некоја партија од Албанскиот политички блок ... тие станаа опозиција иако беа победници ...

За Политичките аналитичари (каде јас не се вбројувам) треба да биде доста интересен начинот на кој се појави ВМРО-ДПМНЕ - како и неговата структура а посебно трансформациите кои ги доживуваше овие последни години ... Имено се смета дека СДСМ преку свои структури успешно го цепкаше ВМРО-ДПМНЕ на мали партии кои се одвојуваа од матицата ... се со стратешка цел да им се ослабат редовите и да се победат лесно на следните избори ... Тоа цепкање ВМРО-ДПМНЕ го кошташе пораз во неколкуте избори ... Дури и на последните ако одеа заедно со другите делови на ВМРО ... најверојатно ке добиеа самостојно мнозинство во парламентот ...

ВМРО-ДПМНЕ го искористи периодот на опозициона состојба целосно да се трансформира и подмлади и да излезе на избори со голем број на нови кадри - за кои СДСМ велеше дека директно од детски градинки одат во Парламентот на РМ и Влада на РМ ... Во периодот на опозицината состојба ВМРО-ДПМНЕ искочи на политиката сцена со многу млади кадри кои се калеа како разни портпароли и се дошколуваа по странство ...

Повеќе за да го казни СДСМ а не гледајки друга атрактивна понуда на МК политички пазар на последните избори Македонскиот избирач се одлучи сепак за ВМРО-ДПМНЕ, на кого му даде уште една шанса да покаже што знае ...

Останувањето на власт и на наредните избори во МК ... ВМРО-ДПМНЕ ке го обезбеди само ако ги остварува своите изборни ветувања ... тоа сега за сега релативно успешно го прават ...

Често пати се прашувам има ли разлика помеѓу МК Политичар и МК Проститутка ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter