Секој заради нешто ги памети многуте дочеци на нови години кои поминале ....
Ако се прашам самиот по што ги паметам дочецице на овите години .... хм,хм ... ке морам да ги поделам на неколку периоди од мојот живот - 52 години имам за оние кои незнаат ...
На многу раното детство искрајно и не се сеќавам нешто на дочеците ... но на она што се сеќавам е некакво собирање на нјблисите по дома ... на полни маси со јадење ... вино и ракија ... Воедна таква нова година станав и прв пациент на Клиниката за таксикологија - имав алкохолно труење на 6 годишна возраст ... Моја среќа била што како дете сум имал ретки заби и сум по**аќал нiз запчињата што ми овозможило да го прочистам стомакот ...
За оние кои не ме знаат во животот осем тогаш другпат не сум бил пијан ... не дека не сакам да пијам ... сакам чашка две три добро црвено ... чашка две узо или некој друга мастика ... пиво две ... но секојпат знам кога да прекинам во пиењето. Не би можел да се поднесам себе како тотално пијан човек - гледајки што се може да направи и прави човек кога е пијан.
Како малку постаро дете се собиравме кај некое другарче каде ке имаше празен стан и ке ја поминевме ноќта во играње карти - во коцкање на ситно ... И тука имав добро искуство - најчесто губев и така ја научив лекцијата за цел живот дека пари од коцка не се добиваат ... од коцка може само се да изгубиш ... Благодарен сум на таа лекција. Коцката ствара зависност и скоро е неизлечива ако те зарази ...
Некако највеќе ми се драги новите години кои ги дочекувавме со нашите девојки - кога исто ке се соберевме во некое празно дома - и со нашите девојки или сеедно слободни дечковци и девоки се забавувавме непрекинато 2 дена ... Што се не сме правеле ... Имаше време за сите глупости што ке ни текнеа во тие 48 сати ... Одлична музика ... играње до бесвест ... стискавци ... бакнежи и нешто повеќе во некое скришно ќоше ... мачкање со паста за заби ... мавање со смег - еееее што снег имаше за новите години а не како во последниве без снег ... без снег нова година некако не е нова година ...
Имаше неколку нови години кои ги дочекував со помало друштво во дупла кино програма па после на плоштад ... за жал тогаш немаше вака добро организирани дочеци на плоштади ...
Едно време кога сите се испооженивме испоомаживме од друштвото - поминавме на славење на нови години во кафеани ... Искрајно тоа се некако ме подсеќаше како да сум на свадба и немам баш нешто добро во меморијата осем една нова година која ја дочекав на Шапка во прекрасно друштво со многу снег околу нас ...
Имаше една нова година пред неколку години ја дочекав на плоштад - но поради милионите петарди ... нема да ми текне другпат пак да чекам нова година на плоштад ...
Во последно време дочекот на нова година стандардно го правиме во домашна атмосфера кај некој од пријателите - каде секој ке си донесе што му се пие и јаде ... добра музика ... малку песна ... жените ни се преправаат дека се “Локици“ ... а и ние се придружуваме со по некоја лудорија ... значи муабет... играње ... смеење ... зезање ...
Е сега зошто насловот на постот е САРМА .... незнам за вас но јас во новогодишни сарми се давам ... Дневно јадам и по десетина и затоа дома за нова година - се прават по два лонца сарма ... Правиме и другпат сарми но овие новогодишните имаат посебен вкус ... или тоа само мене така ми игледа ...
Е да ке заборавев ... утрово само што станав - гледам едното тенџере беше готово со сармите ... ставив кафе - жената некаде искочи да докупи нешто ... го подигнаф капакот од тенџерето со сарми кое го наменивме за мојата мајка ... која ми е нешто болна во последните години ... и не можев да одолеам ... кркнав две онака со неизмиени очи ... во пижами ... дури ни со утрински кафе испиено ... мљац, мљац ... уште го осеќам укусот на сармите ....
Search This Blog
Saturday, December 30, 2006
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
December
(43)
- САРМА - новогодишна
- БЛОГ на МК Политичари
- БЛОГ и САЈТ на МРТ
- СДСМ vs. ВМРО-ДПМНЕ
- БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ
- ОХИС - измама
- ДЕДО МРАЗ vs. МАТЕМАТИЧАРИ
- ГОЛИ БУГАРИ
- БРЕНД КОМПАНИЈА ВО МК
- МЕСТЕНКА ?! - кој кого
- ВЛАДИЦИТЕ - ШТО ВОЗАТ ?
- ПОЧИТУВАЊЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ
- ПАРКИРАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ
- ШЕРАТОН ХОТЕЛ - на местото на печатницта Гоце Де...
- „Некстсенс“
- ВМРО музеј во штипско Ново Село
- ТЕПАЧКА ЗА ЉУБОВ БОЖЈА
- JEF Македонија
- ТУМБА МАЏАРИ
- БЛОКАДА ВО ПАРЛАМЕНТОТ
- ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА НУБ
- БУГАРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА - You Tube
- СТАРО СКОПЈЕ - You Tube
- ВРАБОТУВАЊЕ - Агенција за вработува
- ПЕТАРДИ
- "Хик Родос, хик салта!"
- ФИСКАЛИЗИРАНА КАША
- Бараш ФИСКАЛНА - добиваш ПРИТВОР или ЌОТЕК
- БЛОГОВИ - БОГОВИ
- БЛОГЕРАЈ
- Латас vs. Геровски (трет дел)
- ВЛАДА НА РМ - меил
- КИНОТО - полека умира
- БЛОГ - зошто блогирам
- ПАРНО
- М-Р ДРАГАН ЗАЈКОВСКИ
- КРСТ
- “КУРТО и МУРТО“
- САЈБЕРСЕКС
- Св. Климент Охридски и Македонски - репринт
- ЕСМА vs БОРАТ
- Попе дај фискална!
- AEK - го минира развојот на интернет комуникациите
-
▼
December
(43)
No comments:
Post a Comment