Search This Blog

Friday, December 22, 2006

ПАРКИРАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

Во центарот на Скопје има неколку “легални“ паркинг простори и осем оној во ГТЦ - сите останати се на отворено:
  • пред бивши Гранд хотел
  • пред МТ
  • пред бивша Грација
  • пред стоковната куќе Скопјанка и Лотарија на МК
  • карши Стара железничка
  • и сите останати “диви паркинзи“
Скопје е главен град на МК и нема ниедна катна гаража ... Главните инвестиции во оваа сфера се оградување на некој празен простор и правење на паркинг на отворено ...

До кога ке чекаме на катните гаражи ... Неколку пати се лицитираат плацеви за катни гаражи ... но не сум чул дека некоја е изградена или е почнато да се гради ... Малиот ринг во центарот на Скопје мора целосно да се исчисти од паркирани автомобили ако сакаме главниот град да ни заличи на нешто ...

Градоначалникот на Скопје кој е годинаипол градоначелник во својата програма - има речено: “... ќе се залагам за решавање на проблемот со паркирање во главниот град, преку изградба на катни гаражи и определување зони за паркирање ...“

Колку знам - катни гаражи нема а проблемот со паркирање стои во место ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter