На 4-ти декември со почеток во 20:00 часот, во кафе – книжарницата АзБуки, ќе се одржа предавање на тема „Почетоците на христијанството во Македонија и патувањата на апостолот Павле на македонско тло“.
На предавањето бев и уживав .... коментирав кај авторот на неговиот блог ...
Вечерава на истото место и во исто време - со почеток во 20:00 часот, во кафе – книжарницата АзБуки, ке се одржи предавање на тема - „Учеството на епископите од Македонија на Вселенските и другите поважни месни собори“
За мене наинтересно ке биде предавањето од идната недела на 4-ти декември за „Прашања околу етногенезата на античките Македонци“.
Темата ке експлодира на предавањето и во кафе книжарницата ке се бара место повеќе - ке морам да фатам врски да ми чуваат место. :)
На база на овие предавања - М-р Зајковски полека почнува да испливува на површина во јавноста со своите струќни знаења и се наметнува како сериозен Историчар на кој местото му е во некоја инстутуција која се бави со Историја ....
Еве и првиот напис Интервју на денешен вечер - Античкото наследство е општоцивилизациско - каде м-р Зајковски - ги дава своите погледи на темата ....
Серијата предавања ке завршат на 25-ти декември за: „Христијанските маченици во и од Македонија“
No comments:
Post a Comment