Search This Blog

Thursday, December 14, 2006

БЛОГЕРАЈ

Деновиве помина годишнината од формирањето на сервисот на Блогерај . Нели во организација на Он.нет и Јадибурек ке се организира прослава за годишнината ... па еве користам прилика со овој пост да ја честитам годишнината ... За многаја лета ...

Појавата на Блогерај пред година дена значеше зголемување на причината зошто младите луѓе во Македонија да одат на интернет .... Имено во тоа време имаше многу малку македонски соджини на Интернет .... Не дека сега ги има премногу ... но од тоа добар дел се и (10898) регистрирани блога на Блогерајот ....

Искрајно ова требаше да го направи МТ - мислам на организација на еден ваков блог сервис - но тие опиени од својата монополска позиција не се сетија на своите корисници ...

Оваа идеја е веројатно идеја на Гурото на Он.нет - Трендо ... кој поведен од доброто искуство со Интернет страната на Он.нет (која во тоа време имаше огромна посетеност) ... прв му текна да ја свати јачината на новиот медиум Блогот ... и со организација на Блогсервис во рамките на Он.нет ... привлече големи симпатии меѓу корисниците на Интернетот во МК ...

На почетокот Блогерајот привлече многу познати Блогери - кои помина на Блогерај ... Букарски - Вуна - Историчар - Венера ... (сигурно ке заборавам многу - нека не ми се лутат)

Сега како да се створи обратен процес на бегање од Блогерај ... Букарски - Историчар - Археолошки дневник .... (веројатно и многу други ...)

Не сакам да се мешам во личните мотиви на секое преминување кон и од Блогерај ... но сметам дека повеќето од тоа се недоразбирања - повеќето од технички карактер ... Блогерајот го пратат многу технички проблеми а луѓето мислат дека некој према нив има “специјален третман“ и навредени или незнам што бегаат од Блогерајот ...

Искрајно мене ми фалат сите ... и во духот на Православието каде помирувањето и простувањето има голема улаога треба да иницираме помирување и враќање на Блогерите кои си заминаа од Блогерајот ... Еве ова нека го сватат двете страни како моја молба да ги закопаат секирите (ако воопшто така оше да се каже) ... Мене некако ми фалат ...

Длабоко сум уверен дека се работи само за недоразбирање и технички проблеми ....

No comments:

Blog Archive

Site Meter