Search This Blog

Tuesday, December 12, 2006

ПАРНО

Оваа година другарите од Топлификација решија да не смрзнат. Откако Регулаторната комисија - не им прифати на два пати предлог за поскапување тие решија да не смрзнат ...

Во однос на другите години парното е за никаде -
  • температурата е во просек пониска за 2 до 4 степени зависно од зграда до зграда (проверив кај пријателите - така е по цело Скопје)
  • сктатен е стартот на почетокот на загревањето и завршетокот (почнуваат да грејат од 8 наутро наместо од шест ... а кратат и по сат два и за завршетокот)
Среќа е за нас што температурата воопшто е потопла оваа зима инаку ке смрзнете ...
Незнам како вие го решавате проблемот ... Јас
  • се нервирам
  • пцујам
  • се шетам со три џемпера по дома
  • пијам апчиња против реума - која најде плодно тло
  • ми мрзнат прстите додека куцам на тастатура - се мислам да купам некои меки ракавици за по дома - за ПЦ - Македонски изум на годината ке биде
  • се грејам на вентилаторот од компјутерот
  • уклучувам додатно греење
  • чекам некој друг да ми го реши проблемот
Е ова последново е изум на Македонскиот граѓанин - да чека некој друг да му го реши проблемот а тој да си ќути - трпи - трае ....

Ајде Блогерите да се солидаризираме и да промрчиме по нашиве блогови за овој проблем ...
Пишувајте постови на подршка - против “глобалното смрзнување“ по дома ... коментирајте линкајте ... Белки некој ке не слушне ....

No comments:

Blog Archive

Site Meter