Search This Blog

Sunday, March 06, 2011

Прочка … Поклади (репринт)

Сликата “http://www.bbc.co.uk/worldservice/images/2007/02/20070219082501karnival_prilep203_2.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Прочка е еден од најславените празници во Македонија и во пошироките балкански простори … Овој ден се искористува за посета на постарите од фамилијата за традиционално да им се побара прочка … се едно дали некј им згрешил или не … Обично се меси убава пита под вршник … онаа тенката па згужвана …. мммммммм … бабами ја викаше баница … и прекрасно ја правеше … на крај се амкаат јајца … демек оној кј ке го фати јајцето – само со помош на уста ке биде сречен и ке го служи здравјето … сето ова е пропратено со смеја и радост кај постарите … 
http://images15.snimka.bg/002534941.jpg
Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција.
Поклади представува започнување на постот
Развигор – ни дава линк кон едно истражување Простувањето како терапија против стрес? … како и да е на овој ден кој е исполнет со фамилијарна дружба и смеа сигурно дома се оди со доза на исполнетост и среќа …
Прилеп деновиве традиционално организира карневал … Мечкари … а во Струмица се денови на детски маскембал … Според стариот обичај маскирањето е симболот на овој ден. Се верува дека преку маскирањето ќе се простат гревовите и ќе се истераат злите духови и злото.
** Блаже Конески Прочка
** Денеска и во Скоје
ќе се одржи традиционалниот хепенинг „Прочка 2008“ на кој ќе учествуваат 11 фолклорни ансамбли од Скопје и од внатрешноста. Хепенингот ќе започне во 10,30 часот на плоштадот „Македонија“, а ќе продолжи на платото пред Транспортниот центар. Организатор на манифестацијата е Железничкото културно-уметничко друштво „Владо Тасевски“.
** Како се празнувала Прочка во Скопје
Со овој пост еве вака по електронски пат барам прочка од сите на кои сум им згрешил во текот на минатата година … а просто нека им е на сите кои мене ми згрешиле …

No comments:

Blog Archive

Site Meter