Search This Blog

Saturday, March 26, 2011

Дали управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје - ке се гради врз археолошки локалитет Долен град ?!!

Сл.1. Позната средновековна гравура на Скопското Кале, од холандски патеписец - кој направил скица во која јасно се гледаат контурите на Горниот Град т.е. сегашното Скопско Кале и со зидини ограден Долен Град, на местото на бараките на ЈП Водовод и Канализација Скопје ...

Доста долго време ги следам сите написи и случувања поврзани со археолошките истражувања на Скопското Кале. Во изминатите неколку години многу работи околу историјата на скопското кале делумно се разјаснија. Во текот на археолошките ископувања се убицира една од трите цркви во рамките на Горниот град - Кале. Јасни индиции постојат дека под ресторантот на Скопското Кале е уште поголема Црква. Веројатноста дека некаде во средишниот дел на Калето е уште една црква е голема.

Написот го посветувам на можниот археолошкиот локалитет Долен Град - Кале, кој на првата слика холандскиот патеписец на гравурата го нацртал под западниот бедем на Горниот Град Кале. Онака како е нацртано од патеписецот се гледа јасно Долниот град Кале е утврден на сличен начин како и Горниот Град - но со нешто пониски зидови. На сите агли постојат Кули како и во Горниот град. Во внатрешноста на Долниот град патеписецот одсликал многу профана градба. Во средината на Долниот град се гледаат контури на уште една Црква.
Сл. 2  Сегашен Гоогле изглед на Скоското Кале и можната локација на Долниот град.
  1. Старите сегашн бараки на ЈП Водовод и Канализација Скопје
  2. Можна локација на средновековна Црква во рамките на Долниот Град
  3. Новата управна зграда на Царината, која истотака е во изградена во оквир на Долниот град
  4. Остатоци од средновековна градба од турскиот период, личи на амам ... 
  5. Во текот на големите археолошки истражувања по земјотресот, кој ги предводеше Микулчиќ - убицирана е една пештерска црква која за жал денеска е недостапна, а се предпоставува према изворите дека постоеле уште такви пештерски цркви или монашки испосници ...
  6. Веќе Убицирана црква во рамките на Горниот град т.е. Калето
  7. Сегашните археолошки ископувања говорат дека под Ресторантот Кале се наоѓа уште поголема средновековна црква ...
  8. Третата Црква во рамките на Горниот Град кале се предпоставува дека е некаде на средината на Кале
  9. По мене местото на некогашната Виргинска Ливада, на која се организирани првите пазари во рамките на Виргинскиот Манастир. На ова место Микулчиќ вели дека е таканаречениот Долен Град.

Вистинска мистерија се неистражените долни слоеви на Старата скопска чаршија. Многу мина мислат дека под тука е и изгубениот Град Јустинијана Прима. Повеќе можете да прочитате на подолу линкован напис од археологот Василка Димитровска  Метаморфозите на Скопското Кале
Сл. 4  Изглед на најстарата гравура на Скоското кале, која воедно е и најстар графички приказ на Скопското утврдување. И тука јасно се гледа дека осем Горен Град, постои и утврден долен град.  
Сл. 5  Симулација на Долниот град, преземена од форумот www.build.mk ...
Сл. 6  Симулација на Долниот град, преземена од форумот www.build.mk ... 

И на двете горни симулации јасно се гледа местоположбата на Утвредниот Долен Град под Скопското Кале ...
  Сл. 7  Сегашна Гоогле Мапа на Скопското Кале Горниот град и можните локации на Долниот Град ...
Деновиве Градот Скопје и ЈП Водовод и Канализација Скопје, се во трка со времето за изградба на нова Управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје. Од старите бараки веќе се иселени сите вработени на ЈП Водовод и Канализација, како и ЈП Јавна Чистоќа. Веќе е распишан оглас за проект и изградба на новата Управна зграда на ЈП Водовод и Канализација.
http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/administrativni/jp%20vik%20sk/ask10%20vodovod%20i%20kanalizacija.jpg 
http://i1233.photobucket.com/albums/ff394/Mr_Edmund/mala6.jpg

Деновиве се прошетав околу можната локација на новата Управна зграда на ЈП „Водовод и Канализација“. Подолу ке Ви представам неколку мои нови фотографии од местото кои потврдуваат дека старите бараки на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје се иселени. Чуварите ме информираа дека веќе се извршени геолошките испитувања на локацијата и дека секој ден чекаат да се појават луѓе со лопати да фрлат камен темелник на новата зграда на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје.

Прашав дали случајно виделе луѓе од Заводот за заштита на споменици на Македонија, кои се надлежни да дадат согласност за Дозвола на градба над можен Археолошки локалитет - ми потврдија дека такви луѓе не сретнале во блиското минато.


Јавно ги повикувам сите археолзи и загрижени Скопјани да се спротивставиме на почеток на градба на новата зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје, без претходно да се извршат темелни археолошки истражувања на теренот
Сл 10  Поглед кон Кале и старите бараки на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје, кои се можна локација на Долниот Град Кале ...
Сл. 11  Старите бараки на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје
 Сл. 12
Сл. 13   Рушењето на бараките и расчистување на теренот е започнато
Сл. 14  Остатоци од амамот на чошот од новата зграда на Царинарницата под Кале ...
Сл. 15  Поглед од Горнот кон Долниот град Кале ... сегашност

Во продолжение ке ви преставам неколку постари фотографии од изгледот на овој дел на Кале низ стари фотографии:
http://i265.photobucket.com/albums/ii203/mitatos/Virginski-Manastir-Skopje.jpg
Сл. 16  Гравурата на Холандскиот патеписец
http://i265.photobucket.com/albums/ii203/mitatos/27.jpg 
Сч.17
http://i265.photobucket.com/albums/ii203/mitatos/26.jpg
Сл.18 Импресивна стара фотка
http://i265.photobucket.com/albums/ii203/mitatos/24.jpg
Сл.19
http://i265.photobucket.com/albums/ii203/mitatos/21.jpg
Сл. 20  Прекрасна стара фотка
http://i265.photobucket.com/albums/ii203/mitatos/9.jpg
Сл. 21
http://i265.photobucket.com/albums/ii203/mitatos/14.jpg
Сл.22  Високиот водостај на Вардар на оваа стара фотка покажува зошто била лоша идејата на Долен Град од оваа страна на Вардар ... во услови кога нема регулација
http://i265.photobucket.com/albums/ii203/mitatos/4.jpg
Сл.23
Сл. 24
Сл.25

No comments:

Blog Archive

Site Meter