сл.1 Штип ... Stip - March 17, 2011
Во Штип бев пред некој ден. Искочив од дома на покана од една невладина организација која во Штип си ја промовираше својата агенда. Јас сакав да искористам прилика да направам некоја пролетна фотографија во Штип и да ја го почувствувам вкусот на штипската пастрмајлија, се разбира со чашка црвено ...
Имав само половина час за една кратка фото сесија во околината на Собранието на грдот Штип - имено во општинската сала беше дешаванката ... Фотнав од двете страни на реката Отиња ...
** Штип е град во кој историјата оставила бројни траги. Името Астибо за прв пат го споменува античкиот хроничар Полиенво (3 век пред н.е). Stip_na_kraj_na_19_vekТој пишувал дека во реката Астибо (денешна Брегалница) е изведувано ритуално капење на пеонските кралеви. Астибо повторно се споменува во Табула Пеуттингемиана (античка карта од 4 век) како населба на патот за Стоби - Пауталија. Историчарите лоцираат остатоци од Астибо на просторот од денешниот стар дел на градот, на источните падини на ридот Исар и локациите Стар Конак, Тузлијаи Горно Маало.
** Денешното име на градот потекнува од Словените. Во пишани документи, името Астибо за прв пат го споменува античкиот хроничар Полиен во 3 век пр.н.е, кој известува дека во реката Астибо (денешна Брегалница), биле крунисувани пеонските кралеви.

сл. 2 Гугл Мапа на Штип
Во животот неброено пати сум бил во Штип, одев често бидејки ме врзуваше работата со која се бавев. Во штип живеат како и во повеќето градови многу гостопримливи луѓе и поштен народ. Безбрј пати навечер завршувавме во некоја кафеана на познатата Штипска пастрмајлија.
сл. 3 Поважни објекти во Штип
Штип изобилова со историја и култура во огормен историски распон. Во штип се родени многу важни Македонци ... За да се посети/доживее Штип ке Ви требаат неколку дена ...
сл. 4 Доминантното брдо во Штип секако е Исарот. Тоа е возвишение на 150 метри над нивото од река Брегалница. Посакав да се качам на врвот од каде на дланка се гледа Штип, да го видам утврдувањето и нојновите археолошки истражувања - но немав време и го оставив тоа за некој друг пат, кога специјално ке дојдам во Штип. Штип има неколку цркви, по некои записи со околина бројат близу бројката 300. Остана непосетена и преубавата Црква Свети Никола, која се гледа на горната слика.
сл. 5 Прекрасно средено здание на Заводот и Музејот на градот Штип. Времето беше прекрасно за фотографија и направив некалку добри фотки од надворешноста - но за жал немав време да ја посетам музејската збирка. Во друга прилика тоа нема да го пропуштам.
сл.6 Сеуште доминантно место во архитектурата на новиот Штип е некогашниот Хотел Астибо, кој сега е приватизиран.

No comments:
Post a Comment