Search This Blog

Thursday, March 03, 2011

НАРОДНИ ТВ емисии или партијски ОПИНИОН МЕЈКЕРИ

 
Поврзаноста на новинарството (новинарите) и партиите од власта и опозицијата е евидентно во сите општества, вклучувајки го и нашето. Партиите оние главните кои имаат моќ на избори да се легитимираат и да победат во долг временски период преку таканареченото „шурување“ со газдите на медиумите, особено со ТВ медиумите прават непринципиелна коалиција. Неприципиелна коалиција е заради тоа што во овој дил жшурување не важат правилата на новинарството, туку важат правилата на дилот - пара за рака до пара под рака. Еден дел од парите медиумите/газдите го добиваат веднаш. Непринципиелната коалиција се договара во четири очи за одпосле кога партијата што се рекламира на медиумут ке дојде на власт. Тогаш таа партија ако го почитува дилот во четири очи кој никогаш не е во пишана форма - преку влијанието на државата добива дебел колач од рекламирањето на владата. Некогаш во минатите системи новинарите се купуваа со тефтери, пенкалца, мобилни, годишни одмори и покани за прошетки таму каде шетаат владините представници (не дека и денеска не се користи сето ова) - за да денеска имаме непринципиелен дил на партиите со газдите на медиумот а тие си имаат работа со новинарите кои под притисок и закана со отказ пишуваат како ке им каже газдата, Некои новинари оние поквалитетните се намамуваат да работат за дилот со високи плати и премии.


Техниката на влијание на медиумот кон гласачот се усовршува во од. Во овој напис ке се задржам на темата како НАРОДНИ ТВ емисии стануваат партијски ОПИНИОН МЕЈКЕРИ. Ова е изум на сегашната власт и нивниот лидер кој евидентно одговара само на нарачани прашања, не трпи кога некој ке му постави незгодно и ненајавено прашање а особено не трпи критика. Лидерот на сегашната партија на власт во последните четири избори не искочи на ниеден директен ТВ дуел/дебата со главниот опонент. Тој избра да се обраќа на народот во таканаречените народни емисии, бидејки тој за себе вели дека е човек од народот а неговата партија е народна ...

Сето ова е пресметано од негивуте ПР менаџери - дека треба да се обраќаат само на оние кои излегуваат на гласање, бидејки е евидентно дека огромен дел од народот не излегува на гласање. Значи народниот лидер во народните емисии се обраќа на своите целни групи. Во случајот на сегашната власт иако се тие десна партија се обраќаат неринципиелно на левицата:
  • се обраќаат на администрацијата
  • пензионерите
  • земјоделците
Во обраќањето се исфрлуваат нови ветувања за целните групи и се критикува главниот опонент. Сето ова доведе до четири последователни успеси на изборите, благодарејки на тоа дека огромен дел од гласачкото тело не излегува на гласање.

Во меѓувреме за да се одржи рејтингот на партијата која има непринципиелна коалиција со медиумот со чив газда се има дил во четири очи - народнте телевизими и медиуми прават народни емисии каде имаме разговор со нарачан стручњак од областа и разговори/јавувања на народот во емисијата. Забележливо е дека во сите овие народни емисии имаме едни исти коментатори кои се професионализирани и со својот глас и став препознатливи. Водителите на овие народни емисии не само што на ваквите коментатори им дозволуваат да се вклучат во емисијата, туку се чини дека тие се повикуваат од телефон на редакцијата за да тие се вклучат во емисијата и го кажат нивното мислење. Неможам ова да го тврдам (дека редакциите вртат на оној што се јавува и директно го вклучуваат во емисија, бидејки истото не може да се докаже)  бидејки немам доказ. значи само шпекулирам, но во емисија каде вртат иљадници луѓе сосема е сумничаво дека едни исти луѓе толку често имаат шанса да добијат линија ... На ваквите емисии сега одат предизборните реклами, со предизборни пораки на оние кои се главни спонзори на “народната ТВ емисија“ ...

Сето ова доведува до горчина на оние кои од почеток со симпатии гледаат на ваквите народни емисии и се разбира вртат канал. Но на партиите нарачатели тоа не им е важно - тие на овие емисии се обраќаат на своите гласачи порачувајки им да излезат и да гласаат ...

Само да нафрлам дека овој амбиент на непринципиелна коалиција меѓу новинарството и партиите е надополнет со други непринципиелни коалиции на политиката со:
  • разноразните институти кои вршат мерења на рејтинзи и прават нарачани испитувања на јавното мнение со цел да влијаат на одреднена целна група ...
  • правење на владино невладини организации и граѓански здруженија ...
  • контрапротести
  • говор на омраза и поделби ...
Досегашни написи поврзани со темата:

No comments:

Blog Archive

Site Meter