Search This Blog

Thursday, March 24, 2011

Она што и го правиш на опозицијата ке те снајде коа ке ја изгубиш власта - твојот камен ке те удри по твоја глава

Најновото соопштение на МК султани е дека најголемата опозициона партија ке ги бојкотира изборите, поради нерамноправност во изборно преставување ... или што би рекол БЦ - Груевски сака во изборите да влезе со предност од 100 према нула.


Каде опозицијата укажува дека изборите нема да бидат легитимни:
  • Корумпирање на медиумите од власта со државни пари
  • Подржување на медиумите кои ја величаат власта од една страна, затварање на медиуми кои ја критикуваат власта
  • Во горните две точки се наоѓаат причините за бојкот на сегашната опозиција
Она што и го правиш на опозицијата ке те снајде коа ке ја изгубиш власта. Твојот камен ке те удри по твоја глава. Разликата од оној Македонец што фрла камен кон тиранијата на власта е што сега истиот тој Македонец фрла камен кон друг Македонец. Оној кој го измисли фабрикувањето на медиумите и ставање во своја функција, сега самиот се бори против најновото фабрикување на медиумите од сегашната власт. И во двата случаи беа употребени заеднички буџетски пари.

Бидејки султаните не можеа да се договорат сега бараат спас во медијација на таканаречената влијателна меѓународна заедница. Не дека нема медиација и до сега, ја има и та е повеќеслојна - но пораката главна е онаа на професорот Марјановиќ „Заслужуваме таква власт каква ке си избереме самите“ ...

Не верувам дека опозицијата вистина ке ги бојкотира изборите, чинам дека се во филм на притисок на власта со помош на погореспоменатите медијатори. Ако вистина се случи бојкот на најголемата МК опозициона партија, чии гласачи се послушни, ке се смени и етничката структурата на поделбата на власта. Албанските партии најавуваат дека сепак ке одат на избори. Последицата ке биде видлива во значително поголем број на албанци во власта - што верувам не му одговара ниту на Груевски и неговото ВМРО ДПМНЕ. Да се потсетиме СДСМ бојкотираше еден референдум со позната флоскула - дека „Некои прашања не заслужуваат одговор“. Бојкотот беше успешен, референдумот не успеа - не дека мнозинството беше против референдумот туку не успеа поради тоа што не излегоа на референдум повеќе од 50 проценти од гласачкото тело. Сега бојкотирањето нема вистинска цел бидејки оној што ке добие било колку гласови а има највеќе од оние што ке гласаат ке ги добие изборите.

Ние веќе имаме луѓе кои перманентно на сите избори бојкотираат. Изборните анкети перманентно покажуваат дека бројот на оние кои се мислат дали да гласаат т.е. се неодлучни за кого ке гласаат е близу до бројката меѓу 40 до 50 проценти од гласачкото тело. Во сегашниот изборен модел секој кој ке добие над 25 проценти од гласачкото тело ја добива извршната власт. Тој модел го наметнаа двете најмоќни МК партии и единствено во кое се сложуваат заедно е бранење на тој модел, кој ригидно го има подигнато прагот на процентот на гласови за да влезеш во поделба на колачот на власта.

No comments:

Blog Archive

Site Meter