Search This Blog

Wednesday, March 02, 2011

ЛИБИЈА - втурната во сценарио за контролирана криза ...

 
Либија петтиот производител на најважниот берзански производ НАФТА-та е втурната во витлото на контролирана криза. Под превезот за демократија и поголема слобода за локалното население последните неколку недели сме сведоци на нова жешка контролирана криза. Меѓународната заедница веќе ги користи механизмите кои и стојат на располагање и преку медиумска кампања (и преку друг начин на финасирање на опозиционите сили ...) силно ја подржуваат опозицијата во Либија, која веќе води граѓанска војна во Либија во борба за превлст на нафтените полиња во Либија. Жртвите се бројат веќе во неколку десетина иљади луѓе.

Вистина е фактот дека со Либија владее човек кој со воен удар пред четириетина години дојде на власт. Во текот на владеењето воспостави вистинска диктатура и непотизам. Обвинет е и за меѓународен тероризам и финасирање на меѓународни терористи, за што Либија е осудена а Америка веќе ограничено ја бомбардираше ... Фамилијата на Гадафи е насекаде низ власта во Либија. Но вистина е и фактот дека битката не е за демократијата и правата на локалниот народ туку за контрола на нафтените полиња. Обединетите нации на барање на светскиот шериф веќе донесоа првични мерки против режимот на Гадафи. Ја замрзнаа продажбата на оружје за Либија, воведоа ембарго на производи од и за Либија. Сценариото го гледавме во ек ЈУ и особено Ирак. Во близината на Либија веќе се множи присуството на моќната америчка воена машинерија. Се чека само добар повод да се притиснат копчињата на нова компјутерска војна, која нас обичните смртници ни личи на видео игра. Во неа ке бидат уништени инсталациите за производство на нафта, воените инсталации, телекомуникациите и главните инсталации за производство на електирчна енергија.

На база на сето ова светската економија веднаш доживеа нов шок во форма на скокање на цената на нафтата, а кога таа скока рецесијата на послабите економии е неизбежна. Тоа го осетивме дури и во нашата мала економија. Во краток период имавме големо поскапување на најважните импути во фамиллијарниот буџет, во покачување на цените на главните прехранбени артикли и енергенсите, нафта, струја ...

По „видеогејмот“ во кој ке се забавуваат американците и ке аплаудираат за дирекните погодоци ке следи повторна градба на нафтените извори се разбира со америчка технологија и инвестиции, кредити ... Единствениот кој реално на ова може да се спротивстави е Русија. Но таа молчи бидејки и нејзе и одговара. Порастот на цената на нафтата на Русија и те како и одговара бидејки таа е меѓу неколкуте главни извозници на нафта ... На Либија и нема спас. И таа ке биде разорена со помош на „внатрешните непријатели на режимот“ ...
  • ТРАНЗИЦИЈАТА КАКО КОНТРОЛИРАНА КРИЗА ... ... 

    Во сета оваа војна, на јавна политичка, економска, спорска и било која сцена - голема улога имаа тајните, специјалните методи на водење на војна преку тајните сили кои двата блока а нарочно САД и СССР го формираа. Настана страшна трка и специјална војна меѓу тајните воени структури на САД и СССР. Шпиунажа и контрашпиунажа. Долго време СССР водеше во таа трка. Се до оној момент кога во лабараториите на тајните светски сили не се створи идеја да се владее со светот преку КОНТРОЛИРАНИ КРИЗИ. Од кого контролирани. Од оној кој ги потикнува и крои.

    Каде можеше да се створи контролирана криза? Лесно во секоја држава. Секоја власт во секоја држава има своја опозиција. Тајно се помагаат опозиционерите за да прават проблеми на владеачките структури. Доста често на помош доаѓаа и мафијашките структури и парите на мафијата. Патриотизмот и национализмот присутни во секоја држава и народ стана голема надеж за лесно правење на контролирана криза. Лесно се пумпаа пари во поединци и одредени политички структури кои се употребуваа да се створи политичка криза и преку системот на улична демократија, често и со кратки воени граѓански судири да се смени владеачката структура. Луѓето се лакоми за пари а тие/парите се главниот мотив и адут на контролираните кризни владеења.

    Најмоќниот светски полицаец со светот почна да владее со методот на стварање на контролирани кризи кои ги менаџираа од тајните центри во кои дури ни нивните демократски системи немаат моќ на контрола. Тие де јуре не постојат. Но дефакто постојат. Како се пумпаат пари. Мафијашките пари ретко одат во легални текови тие се вртат во кругот на контролираните кризи. Големо пумпање на пари во вакви контролирани кризи се пумпаат од мултинационалните компании и банкарски системи, кои се чудно поврзани меѓу себе ...

    Со контролирани кризи и со користење на лакомост на човекот по пари се урна социјалистичкиот блок на држави и СССР. Втора голема жртва на контролираната криза беше распадот на некогашна Југослвија, која се распадна во одлично режирана контролирана криза и кризички, која се водеше по методите на специјални војни за секоја од новите државички посебно. Се искористи таканаречениот патриотизам и национализам кој во воените кризи во распадот на ЈУ доведоа до геноцидни ситуации, од логори на смрта до трговија со човечки органи ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter