Search This Blog

Tuesday, July 11, 2006

Новите министри

Веќе се назираат новите имиња на Министрите во Владата на Груевски:

Според неофицијалните информации, партијата на Груевски пикира на министерствата за внатрешни и за надворешни работи, за финансии, за образование и секторот за евроинтеграции.
-
Како идни министри за надворешни работи се вртат имињата на режисерот Љубиша Георгиевски, Зоран Јолевски, поранешен шеф на кабинетот на претседателот Борис Трајковски и Срѓан Керим, поранешен министер за надворешни работи,
-
Името на Панде Лазаревски, директор на Институтот за социолошки истражувања, се споменува како можен министер за образование,
-
Сашо Мијалков, братучедот на Груевски, би можел да биде министер за внатрешни работи. Тој е син на Јордан Мијалков, министер за внатрешни работи во првата влада на Република Македонија, кој загина под до денес неразјаснети околности.
-
Партискиот потпретседател Трајко Славески би бил потпретседател на Владата за економски прашања.
-Зоран Ставревски, поранешниот соработник на Груевски, сега вработен во Светската банка во Вашингтон, се споменува како можен министер за финансии.
-Една од опциите за прв човек на Министерството за правда е Владо Поповски, професор на Правниот факултет и сегашен советник на Груевски.

Засега е сигурно дека едно министерско место ќе добијат и либералите на Стојан Андов и уште една партија од предизборната коалиција.

Од кулоарите на ВМРО-НП се лиферува информацијата за нивна заинтересираност за влегување во владината коалиција за два ресора – здравство за пратеникот Ѓорги Оровчанец и одбрана за Ѓорѓи Трендафилов.

За секторот здравство била заинтересирана и партијата на Тито Петковски.

Изворно линк тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter