Search This Blog

Monday, July 10, 2006

ГОЛЕМО ГРАДИШТЕ, КАЈ КРАТОВО

Вечер дава добар напис за најновите археолошки ископувања на локалитетот Градиште кај Кратово.

Изворен линк тука.

"..Со истражувањето на локалитетот Големо Градиште, кој се наоѓа на два километри северно од селото Коњух, близу Кратово, имаме можност да ја пишуваме историјата на Македонија. Со резултатите од археолошките истражувања ќе ја напишеме историјата на овој антички град..", вели д-р Каролин Снајвели, професор на колеџот Гетисбург во Пенсилванија, САД. Таа, заедно со Мила Шурбаноска од Музејот на Македонија се раководители на истражувањата на Големо Градиште, кои започнаа на 12 јуни, а ќе траат до крајот на јули или август.

Во археологијата Големо Градиште е ексклузивно по остатоците од необична црква од 6 век во форма на ротонда. "Црквите како ротонда се ретки и само неколку примери се најдени на Балканот: во Бугарија, Солун и најверојатно во Охрид"

Покрај археолошките наоди од неолитот, бронзеното, железното време, хелинизмот и римскиот период, доминираат остатоци од византискиот особено рановизантискиот период, 5-6 век, како и остатоци од турскиот период.

Локалитетот во Коњух, во литературата е познат уште од 1952 година кога Светозар Радојчиќ објави краток опис и детална студија за црквата ротонда, што тој ја посетил во 1938 година. Црквата и нејзината архитектура продолжува да биде предмет на истражување и до ден-денешен. Во текот на 1970 година, Иван Микулчиќ го истражува локалитетот и објавил бројни написи за планот на античката црква, а Виктор Лилчиќ истражува 20 години подоцна. Од 1998 година мал македонско-американски проект континуирано се одвива на Коњух. По пилот-проектот за истражување во 1998 година систематски истражувања почна во 2000 година и се уште траат.

2 comments:

Anonymous said...

aj vidi tuka..
http://my.opera.com/macedonianarcheology/albums/show.dml?id=83762
imav i post na blog.mk od amerikancite..pak ke go ima na opera i na bloger.mk

Anonymous said...

У меня вот такая проблема-стесняюсь звонить сама подругам, мне все время может показаться на первый взгляд,что они наверно заняты,им не до меня и.т.п. А люди ко мне тянутся, звонят первое время сами, мы дружим, а потом начинаются обиды что мол я сама не звоню и отношения рушаться. Бред, а переделать себя сложно, может это комплекс какой то?

[url=http://2nt.ru/go/serial.php]Вообще любой сериал и особенно новинки я качаю тут [/url]
[url=http://2nt.ru/go/teets.php]Молодежное видео тут[/url]

Blog Archive

Site Meter