Search This Blog

Monday, July 31, 2006

„СВЕТИ ПЕТАР И ПАВЛЕ“ - Преспа

Македонските иселеници од прекуокеанските земји на врвот од Подмочанска горица, од каде што се гледа цел преспански регион изградија нов македонски Плаошник. До големиот е изградена новата црква „Свети Петар и Павле“ со камбанарија и камбана чие одѕвонување се слуша во повеќето преспански села. На осветувањето на новоизградениот храм завчера присуствуваа поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, како и владиците од Светиот архијерејски синод: Кирил, Методиј и Пимен, а со црковната служба чиноначалствуваше преспанско-пелагонискиот митрополит г. Петар.

Црквата „Свети Петар и Павле“ во византиски стил се градеше две години. Иконостасот го изрезба познатиот македонски копаничар Цветан Николовски, а фреските ги наслика иконописецот Петар Герасимов. Храмот го подигна познатиот македонски градител на цркви, Петар Митановски.

Изворно тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter