Тоа некако се совпадна со неколкуте мои написи за Славомакедонија и Славомакедонци.
“Славомакедонија – Славомакедонци“ - 15 Јуни, 2006
“Славомакедонија – Славомакедонци (втор дел)“ - 16 Јуни, 2006
“Славомакедонија – Славомакедонци (трет дел)“ - 17 Јуни, 2006
“Славомакедонија Славомакедонци (четврт дел)“ 23 Јуни, 2006
“Славомакедонија Славомакедонци - Хавиер Солана“ 24 Јуни, 2006
Академик Катица Ќулафкова деновиве издаде книга „Херменевтика на идентитети“, во издание на „Македонска ризница“.
Извор на веста линк тука.
Книгата одразува неколку главни подрачја на научен интерес на Ќулавкова
- толкувањето на книжевните текстови,
- моделот за толкување на раскази и романи,
- претставата за жената во македонската усна традиција,
- гротескното искушение на Авраам од Светото писмо, како проекција на односот татко - син, односно власт - индивидуа и
- толкувањето на идентитетот на Македонија и на Балканот преку нивната слика на светот и сликата на светот за нив.
Особено внимание привлекуваат сознанијата за повеќеслојноста на македонскиот етнокултурен идентитет, кој ги опфаќа античките, древноримските, византиските, средновековно-словенските, црковнословенските, отоманските и нововековните аспекти.
Посебно внимание е посветено на периодот по Берлинскиот конгрес и поделбата на Македонија. Во книгата доминира тезата дека Македонија е проекција на новоконструираниот стереотип на Балканот како буре барут и синоним за варваризам.
Книгата иницира актуелни и темелни прашања поврзани со македонското битие и идентитет во историјата и денес.
Инаку за написот на Дневник од кој почна лавина на обвинувања на Македонската јавност академик Катица Ќулафкова вели дека е Злонамерна конструција полна со дезинформации.
No comments:
Post a Comment