Search This Blog

Wednesday, July 25, 2007

Противпожарна опрема и лифтови ... За пожарите и собраниските препукувања ...

Живеам на шести спрат ... на состаноци на Куќниот совет престанав да одам одкако не ме сфатија - во мојот апел дека мора да имаме секојдневно исправна противпожарна опрема и потполно исправен лифт ... и дека мораме да имаме куќен ред ...

Некои сметаа дека и на ова треба да се штеди ... одтогаш само плаќам за она за што ке се договорот и не се нервирам на таквите состаноци ...

Често ги гледам развалените хидранти каде фалат противпожарните црева ... и само се молам на бога никојпат да не притребаат ... да фали и опремата за јавување на пожари ... звучниот сигнал ... и фалат сијалиците за светење кога снемува струја ...

Од друга страна пола Скопје треба да се прекрсти кога влегува во лифт ... пу , пу ... скраја да е ... Но во оваа сиромаштија си штедиме на безбедноста на наште животи ...

Ги слушам вера во Собрание како Партиите се препукаваа во врска со пожарите ... навистина не ги разбирам опозиционерите ... Ке направеа вистински потег кај народот ако рекоа еве ние преку нашите млади социјалистички сили обезбедивме 100 доброволци ги опремивме со опрема и ги ставаме на располагање на премиерот - за да ги употреби во борба со огнената стихија ... тоа ке повлечеше премиерот да ангажира свои 1000 младинци и активисти ... но СДСМ сепак ке беше победник во народот бидејки - прв му текна да направи мобилизација во своите редови ...

А наместо тоа имавме жалопојки како еве власта е крива што навеме на побара помош ... А опозицијата затоа што шетале по светот додека Македонија гори ... Па “шутраци“ едни осум години бевте во власта ... колку нови противпожарни возила купивте ... Недај боже во зграда над шести спрат само господ ги штити луѓето ... или колку канадери купивте ... па сега да речете еве ние добро го одработивме тоа ама сега не оди ... Покријте се и ќутите кога не знаете со вистински мали финти да ја вратите довербата во народот ...

Инаку апропо темата на постот ... мора да се почне со ригорозни казни за непоседување на урбана противпожарна опрема ... тоа е поопасно од неврзување на појас при возење ... и поготово возење во небезбедни лифтови ...

Ало власт пробудете се ...

- Protiv pozarna oprema i liftovi ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter