Search This Blog

Sunday, July 01, 2007

Главната улица во - СКУПИ ... SKUPI ... SCUPI ... SCVPI ... Кардо - Cardo

Главната улица во Скупи - ова е прво продолжение од започнатиот пост од вчера ... СКУПИ ... SKUPI ... SCUPI ... најнови архео-истражувања ... Ке излезе како нов пост ... но ке се едитира и во почетниот ...

** Улица (Кардо) ... Една од главните градски комуникации со орјентација С/И - Ј/З, карактеристична за сите градежни комплекси во градот. Коловозот е широк 8.50м. поплочен со со големи камени плочи и одделен од тротоарите со колонада. Од двете страни на коловозот се наоѓаат тротоари, широки од 2.6о до 3 м. поплочени со тули. Датирана е по 268 г. односно се поврзува со обновата на градот по продорот на Готите.

** УЛИЦА(КАРДО) - Една од главните градски комуникации со орјентација С/И - Ј/З, карактеристична за сите градежни комплекси во градот. Коловозот е широк 8.50м. поплочен со со големи камени плочи и одделен од тротоарите со колонада. Од двете страни на коловозот се наоѓаат тротоари, широки од 2.6о до 3 м. поплочени со тули. Датирана е по 268 г. односно се поврзува со обновата на градот по продорот на Готите.

Сликата “http://www.utrinskivesnik.com.mk/WBStorage/Articles/061901D9A5D3C64E88F9981835E6D3E9.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

** Улицата Кардо како улицата во Ефес „Во текот на оваа година продолживме со истражување на една од главните улици, наречена Кардо, откриена во минатите години, долга околу 150 метра. Структурата на римските градови, урбанистичката мрежа обично има еден првоаголен систем во кој, прво се поставуваат две главни улици, кардо - максимус и кардо - декуманус, поставени под прав агол. Паралелно на нив се поставуваат помошни улици, кои формираат градски квартови. Скупи не е исклучок, но ние сеуште не можеме да кажеме дали овој римски град има некоја специфика, затоа што, само врз основа на аналогии претпоставуваме каде би се наоѓал неговиот форум. Токму од тие причини, со својата местоположба, не' изненадуваат улиците кои сега ги откривме и димензиите на квартовите.
- Годинава се откри уште една попречна улица на улицата Кардо, која од неа е оддалечена околу 65 метра, така што сега ја знаеме должината на еден од градските квартови кој се протегал во правец исток- запад. Би требало понатаму да се открие уште една улица, со што би се дефинирал еден цел градски кварт и објектите што се наоѓале во него.
- Сакаме да ја додефинираме и доистражиме улицата Кардо, за да може идната година таа и да се конзервира. Тоа е улица со импозантни димензии, со широчина од осум и пол метри и западен и источен тротоар со димензија од два и пол до три метри, со колонада која ги дели тротоарите од улицата. Ги имаме сите елементи за реконструкција и тоа дури во две фази. Кога би се реконструирала во должина од 150 метри, може да биде и поатрактивна и поубава од улицата во Ефес, на кој сите и се воодушевуваат. Таква улица може да добиеме за неколку години“ - вели археологот Ленче Јовановска.

** Првите сознанија за овој атрактивен локалитет потекнуваат уште од 1884 година кога на овие простори поминува англискиот патеписец Артур Еванс, вели Ленче Алексова, археолог од Музеј на град Скопје.Тој споменува дека на подрачјето каде што денес се истражува Скупи се забележани урнатини на некој римски град од кои најзабележливи се остатоците од римскиот театар за кој се претпоставувало дека е од северниот бедем на градот Скупи. Подоцна во почетокот на ЏЏ век со создавањето на Музејот на Јужна Србија почнуваат првите археолошки истражувачки работи при што е откриена една помала христијанска базилика на подрачјето на денешното село Бардовци и една приградска вила со термален дел којшто се наоѓа надвор од бедемите, што значи во непосредна близина на западиот бедем на градот Скупи.
- Скупи како еден урбан римски град, високоцивилизиран, опстојувал цели шест века, односно од И до ВИ век по Христа и во текот на тој период тој постојано се развивал, се менувале градбите, луѓето, комуникацијата, начинот на живот.
- Во последните две-три години истражувачките работи добија на интензитет, така што онаму каде што се решени имотно-правните односи во должина од околу 170 метри е истражена една од главните комуникации - улицата Кардо која се протега во правец север - југ со сите пратечки објекти како што се тротоари, инфраструктурата, канализационата - водоводна мрежа, објаснува археолог Алексова.

** Поплочена улица од римско време "светна" во Скупи ... сабота, 18 март 2006 ...
- Повеќе од 170 метри поплочена улица од римскиот град Скупи, импозантни влезови од градби, столбови, бази и капители се откриени во најновите ископувања на екипата од десетина експерти - археолози, архитекти, конзерватори и околу 20 работници.
- Главната античка градска улица - "кардо", била широка околу осум метри и поплочена со големи камени плочи. Од двете страни имала тротоари од тули, широки два и пол метри. Тротоарите биле покриени со тремови, кои се потпирале на фасадите на куќите, изградени во должината на главната улица - вели Јовановска од Музејот на град Скопје.
- Импресионира канализациската мрежа, од двете страни на улицата. Чистата вода дотекувала во градот преку довод од оловни и глинени цевки. Преку одводот - ѕидани канали, отпадните води се излевале во Вардар. Тоа е само еден од доказите за цивилизираноста на населението што живеело така во првите векови од новата ера. Во тоа време, на целиот Балкан, единствено Скупи бил прогласен за Римска колонија - највисок самоуправен статус што воопшто можел да добие еден град - објаснува Јовановска.

- Во земјата, кај античката улица, археолозите пронашле полуксузна керамика - глазирана, сива-македонска, керамика со втиснати печати, стакло, метал, монети од 4-ти до 6 век.

** У л и ц а - една од главните комуникации во градот, со ориентација североисток-југозапад, как­ва што имаат сите градежни комплекси во град­овите. Коловозот е широк 8,50 м и е поплочен со го­ле­ми камени плочи, а тротоарите се широки од 2,60 до 3 м. Се датира по 286 година, по пробивот на Го­ти­те. Истражувана е во 1976 и 1980-1989 година од Д. Корачевиќ.
- Преземено од археолошка карта вол-2.

** Cardo ... In ancient Roman city planning, a cardo or cardus was a north-south-oriented street in cities, military camps, and coloniae. Sometimes called the cardus maximus, the cardo served as the center of economic life. The street was lined with shops, merchants, and vendors.
- Most Roman cities also had a Decumanus Maximus, an east-west street that served as a secondary main street. Due to varying geography, in some cities the decumanus is the main street and the cardo is secondary, but in general the cardus maximus served as the primary road. The Forum was normally located at the intersection of the Decumanus and the Cardo.
- The cardo was the "hinge" or axis of the city, derived from the same root as cardinal. The term 'cardus' is derived from the north-south line the augurs would draw when making the auspices.


*** Да ја видиме сега мојата приказна за улицата Кардо во Скупи ...

Glavna ulica vo Skupi - kolaz.jpg

Од Фотките што ги едитирав може да се види фрапантната сличност на улицата Кардо - цо Скупи и во Ефес па и во Ерусалим ... Самиот назив на имато е поврзан со зборот “кардиологија“ - крвототк ... The term cardiology is derived from the Greek word καρδιά (transliterated as kardia and meaning heart or inner self).

Шетајки се по улицата зачудува дека архитектите на градот навистина одлично го замислиле градот ... веројатно по некој модел ... Ефес или Ерусалим ... Огромни блокови (некои со големина и од метар ипол на метар и дебелина од преку 40 сантиметри ...) кои овие две години излегуваат со целиот свој сјај ... Тротоари ... Во некои наши градови и ден денес нема тротоари но затоа значењето на тротоарот било познато за Скупи ... создаден е тротоар кој е оделен од улицата со “ивичњак“ ... (Кардо во Скупи мора да доживее конзервација и реконструкција ...

Би било убаво да се направи и три де анимација на улицата и градот (можеби некаков развоен проект на студентите на архитектура, археологија и 3 д аниматори ... машински ...)... Тоа колку и да е скапо - а не е ... сепак е само анимиран филм кој малтене секое дете знае да го направи - но се разбира ова е сериозен проект кој треба да се направи тимски меѓу археолози ... архитекти и стручњаци за три де анимации ...

На око ми паднаа неколку дупки во камењата низ улиците кои - или служеле за некави бајраци ... или служеле за тремови ... како што има предпоставка и од нашите археолози ... Улицата веројатно не завршува тука на делот на патот за Бардовци ... Таа оди под него и под Старачкиот дом Бардовци директно до големата Базилика ... за која ке пишувам посебен пост ...

Импозантно е овогодишното откривање на цевководот за питка вода ... за кое ке пишам посебен пост ... Тука на кратко се работи за некоја легура од оловно калајни цевки фи 2 цола по слободна проценка за довод на вода ... а има и поголеми ... и Одвод на вода преку прекрасно изработени керамички канали ...

На врвот на Кардо према Театарот постои нешто како плоштад ... со некаков округол камен кој многу личи на некаков жртвеник - или постоље за бина ... а во негова близина се и неколку големи мрамори за вода ... веројатно се за поење на коњите што се движат низ градот ... или имале некаква друга намена ... И за ова ке имам посебен пост ... Како и за можниот извор на питка вода кој го убицирав во близината ... истотака ке биде представен во посебен пост ... Ниеден град не се парви ако нема јак извор - кој ке го храни со питка вода ... Мада тука можело да се прават лесно и бунари ...

Имотно правните односи на сите Архео локалитети се очај ... толку години се знае дека е ова архео-локалитет и не се решаваат имотно правните односи ... т.е не се одкупуваат пацелите во оквир на локалитетот кои се приватна сопственост ... Од една страна сопствениците се на штета - затоа што неможат да градат ништо ... Од друга страна државата е на штета - бидејки неможе да го истражува комплетно археолокалитетот ... Мора да се бара решение кое ке го прифатат и двете страни ... Или да се плати или да се компензира со друго земјиште ... со слична атрактивна локација ...

Архео-локалитетите мора да се сфатат како мали фабрики за туризам - воколку се уредени ... истражени и конзервирани и рестврирани... Многу мали фабрики чинат цела гранка ... Ние немаме море - и затоа иљадниците архео локалитети се нашата шанса за специфичен туризам ... Ова го повторувам иљада пати ... а ке го повторам уште толку пати ... се додека не стане национална стратегија за туризам ... комбиниран со многуте преубави и уникатни Манастири и Цркви ... Легендите од МК ... Бањеите и селскиот туризам ... Ова го има Македонија и тоа треба да го развива и нуди ... Ги заборавив планините ... и тие де ... А за езерата приодни и вештаќки ич да не думаме ...

- Кардо - Cardo ... СКУПИ ... SKUPI ... SCUPI ... SCVPI ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter