Search This Blog

Wednesday, July 11, 2007

КРУПНИ РИБИ

Дали е Јого Ќука директорот на скопски „Охис“, првата крупна риба во мрежата на Груевски и Маковеј ... Ќука “неовластено тргувал со акциите на Охис“ ... уствари неовластено ги заложил како залог за кредит кој го подигнал од Еуростандард ... Кредитот не го вратил и акциите на Охис - отишле јабана ...

Имено се работи за 10.660 акции ... чија номинална вредност изнесувала нешто помалку од милион евра ... Во трансакцијата акциите се заложени со договор на неколку пати помала вредност ... (вистинската пазарна не ја знам ...) ... Кредитот не е вратен - Еуростандат си го наплатил побарувањето продавајки ги акциите и држаата бидјки е сопственик на повеќе од 51 процент се јавува како оштетена страна ...

Ќука е прво приведен на распит во полициска станица ... потоа го сослушал истражен судија кој му одредил притвор од 30 дена ... Медиумите го следат овој најнов спектакал ... И интересно е да се следи разрешницата на овој најнов случај - сега веќе лов на малку покрупна риба ...

** Вчера до медиумите беше испратен писмен допис од Управниот одбор на „Охис“ во кој се посочува дека членовите на ова тело на 23 јуни лани донесле одлука за засновање заложно право врз акциите од Комерцијална банка. ...

Дали е ова лов во матно ... Или е само начин да се одстрани Ќука од позицијата на Директор ... и да се постави друг човек од доверба - во процесот на продажба на компанијата ... Во сиот овој земјотрес од случувања - веројатно ке страдаат вработените ... кои и така се во неколку годишна агонија ... без плати ... со мали плати ... во фабриката која беше правена за големиот Ју пазар ... Фабрика која беше еден од поголемите столбови на МК економија долги години ...

Нашата трансформација и приватизација е врзана секојпат со обезврееднување на имотот ... до даска ... па потоа без обврски и вработени да се купи за еден долар ... Тоа ли се спрема сега и во Охис ... Обезвреднувањето на имотот секојпат е дело на раководството ... Можеби тука е најголемиот грев на Ќука ...

Ќука не го бранам ... ако има вина нека одговара ... но сит сум од спектакли ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter