Search This Blog

Friday, July 20, 2007

ТРОНОЖЕЦ

Троножец е уникатно изработено столче кое е присутно во секое домаќинство во нашето село ... Предноста на троножезот е тоа што бидејки подовите во селските домаќинства не биле равни - па како и да го ставиш троножецот тој стои цврсто ... Најчесто домаќините сами го изработувале со алатките кои биле неодминливи по дома: Тесла ... Секира ... Оштар нож ... Права мала мајсторија ... без шајки ... Пожутеноста на столчињата е потта од рацете - таа сега е хемиска заштита на столчето ... патина ...

Tronozec 1 (Large).JPG

Ttonozec 2 (Large).JPG

Погледнете ги убаво горните два троножца ... која историја кријат во нив ... колку пати послужиле за својата намена ... колку приказни и муабети ислушале ... Успат - колку увава комбинација на бои и шари на чергите ...

- tronozec ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter