Search This Blog

Friday, July 06, 2007

ВОДОВОД СКОПЈЕ

Skopje mapa za vodovod potrebi (Small).jpg

Деновиве пишував малку повеќе за првите водоводи во Скопје и начинот на снабдување со вода на најстарите Скпјани. Историски сите организирани населби се правени покрај јаки извори на питка вода или речни корита. Скопје ја има таа среќа да лежи во басен полн со вода која блика од оклолните планини и брда ... Лежи во сливот на Вардар, Треска, Лепенец - како поголеми реки и неклку помали потоци ... Значи оние кои првпат го организирале животот во котлината на Скопје никојпат немале проблем со вода ... Вода блика од изворите, од реките а и подземните води се обилни со вода од висок квалитет ... Скопје е организирана континуирана населба од предисторијата до денеска ...

Сегашниот квалитет на вода на Скопјани е сеуште со одлични перформанси. Тука пред се предначи Треска која се до Скопје доаѓа со исклучително добар квалитет ... Со Вардар и Лепенец не е така ... Вардар така да се изразам доаѓа во Скопје - со “нарушено здравје“ ... прилично загаден ... Пред се, од неконконтролирано индустриско загадување а и од урбаниот начин на живот каде сите гадотии одат во канализација а со тоа и во крвотокот на животот - во нашите реки ... Ова е недозволиво однесување кон оние кои живеат низводно ... Загадените реки носат - нездрава околина за живот на сите градови низводно низ Скопје ... а секој нареден град во долината на Вардар само го зголемува неквалитетот на водите на Вардар ... Да не заборавиме Скопјани само до пред 50 години имаа чиста вода во Вардар .... имаа градски плажи ... бунари од кои се пиеше вода ... Сега веќе ретките риби кои се фаќаат на Вардар служат само за спортски цели ... никој не би требало да ги јаде ... толку се загадени што се опасни по здравјето на луѓето ...

Историјата на скопските јавни водоводи видовме дека почнува со водоводот на Скупи ... Но за нашето јавно претпријатие историјата на водоводот почнува пред сто години ... Иако за амблем го земале ликот на Аквадуктот (чести век де ..)... со кој како и општината Бутел само се китат - но никако не им текнува да поработат на неговата заштита , афирмација и презентација ...

logo

Еве да видиме што велат за историјата на Водоводот на веб страна та на ЈП Водовод и канализација - Скопје ...

** Во 1907-та година, под падините на тврдината Кале, во непосредна близина на реката Вардар, во месноста позната како “Дизел”, се пристапи кон копање бунар за вода за пиење и потисна пумпа.

Преку оваа пумпа добиената вода се потиснуваше во ново изградениот резервоар од 250м3 на висината на самата тврдина Кале (на Котата 293). На овој начин, потисната вода се дотураше до потрошувачите, кои се наоѓале во близината на тврдината.Зафатите во врска со водоснабдувањето на Градот преземени во 1907 година, не само што претставуваа осовременување на водоснабдувањето по основ вршењето на механичко потиснување на водата, туку и по основ на користењето на челични цевки и водомери во водоводната мрежа. Со овие зафати се успеало за дури пет пати да се зголеми водоснабдувањето на Градот.

Впрочем до 1907-та година, во организација на Градот користени се само Чаирските извори. Тие биле со максимум од само 6 л/сек. Со изградбата пак на бунарот во Дизел, пумпната станица и резервоарот, добиени се нови 32 л/сек.Оваа положба останува се до 1937 година, кога во градот Скопје се добива нова количина квалитетна вода со користењето на изворот Рашче. Имено тогаш отпочна со користење цевковод ф 400, со капацитет од 76 л/сек.Со ова, Скопје го дочекува ослободувањето во 1944 год, со водоснабдување од 114 л/сек и со многубројни приватни бунари.На 22 декември 1946 година, Градското Народно Собрание донесе решение за основање на Градско стопанско претпријатие за водоснабдување со име „Водовод“. Формирањето на ова претпријатие овозможи, плански, стручно и систематски да пријде на водоснабдувањето на Градот со квалитетна вода. И веќе во 1952 година градот Скопје може да се пофали со задоволителни количини на вода. Сериозни проблеми со водоснабдувањето, а особено со регулирањето на отпадните води настанаа со природните непогоди 1962-та со поплавата и во 1963 година со земјотресот.

По земјотресот беше потребно, пред се концепциски да се решат и прашањето со водоснабдувањето и уште повеќе одводнувањето на отпадните води. Усвоената концепција во врска со тие прашања најде посебно и значајно место во урбанистичкиот план на Градот.Веќе во 1964 година во Скопје се обезбедуваат 226 л/сек. Нови количини на вода, што заедно со претходното обезбедување претставува и обем на 866 л/сек. Во 1965 вкупната количина е 974 л/сек. А во 1966 година 1286 л/сек. Со активирањето на цевоводот Рашче во 1969 година, Скопје добива нов капацитет од чиста и квалитетна вода 1 м3 /сек.Со доведувањето на вода од изворот Рашче каптиран 1964 година, преку двата доводи (Ф 1600 мм), прво за потребите на „Рудници и железарница“ – Скопје, а потоа и за потребите на Градот, (во 1969 година) и доградувањето на водоводната мрежа во Градот, прашањето за вода се реши за наредните 20-на години.

Последен поголем зафат околу водоснабдувањето е направен со изградбата на бунарите Лепенец во 1991 година и нивното пуштање во работа 1992 година.

За историјата на водоводот во Скопје имаме прекрасни написи:
- Водоводот во градот Скопје
- Снабдување на градот со вода од јавни чешми и бунари

Која е моменталната состојба со водоводот во Скопје на стогодишнината на Водоводот на Скопјани ... можеме да ја согледаме состојбата преку интервјуто на вд. Директорот на Водовод господинот Игор Арнаудов ...

Ке акцентирам неколку делови од интервјуто кое го пренесува со своја анализа и Дневник во написот - Водоводот ни е како - решето ...

- Водоводната мрежа во Скопје е како решето низ кое „Водовод“ губи околу 60 отсто од производената вода …
-
Загуби од комунална потрошувачка се одлеале 13 отсто од произведената вода, комерцијалните загуби изнесуваат 11 отсто, а техничките околу 33 отсто ...
- Претпријатието лани произведе околу 100 милиони кубици вода, а според финансискиот резултат на работењето, отиде во минус од 2,8 милиона евра.
- Постојат повеќе причини за големата загуба. Тоа е
* застареноста на системот, особено на поцинкуваната водоводна мрежа, неговата несовршена херметичност,
* користењето вода од дивоприклучените корисници и
* безмилосното трошење за наводнување на земјоделските површини.
* Има загуби што се резултат на несовршеноста на уредите со кои се мери потрошената вода.
* Загуба е и наводнувањето на парковите и миењето на улиците во Скопје, бидејќи ова количество вода никаде не се фактурира

- Не губи само Скопје многу вода, туку и останатите европски градови. И Софија губи околу 60 отсто, Прага има 37 отсто, а Торино 40 отсто загуба. Меѓу градовите со најмала загуба на светот е Франкфурт, кој губи 15 отсто од водата во системот.
- Најголеми должници на „Водовод“ се фирмите во стечај, некои од буџетските корисници и здравствените установи, како и две државни јавни претпријатија, како ЈП за станбен и деловен простор и ЈП за стопанисување со спортски објекти.
* „Алумина во стечај“, со долг од 42,8 милиони денари,
* „Типо во стечај“, кое должи 26,5 милиони денари и
* „Треска мебел во стечај“, со долг од 20 милиони денари.
* ЈЗО Клинички центар ни должи 22 милиона, а
* Македонската телевизија 6,7 милиони денари.

Драги мои Скопјанки и Скопјани ... плаќаме од пред некое време дупло поскапа вода за пиење затоа што некој неможе да ја сочува водата во цевките (загуба од над 60 проценти ...) и неможе да ја наплати водата од останати јавни претпријатија и таканаречени загубари ...

Дали зголемувањето на цената од сто насто беше вистинското решение за подобрувањето во водоснабдувањето на Скопје ...

Еве да видиме со што се бави јавното претпријатие ... читајки некои линкови од нивниот веб сајт ...

- Акција за поставување бетонски сливници ...
- Флаер: 100 години Водовод - Ние постоиме за Вас ...
- АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ...
- Поставување армирно-бетонски решетки ...
- 100 ГОДИНИ РАБОТЕЊЕ И ПОСТОЕЊЕ ...
- Известување - 08.05.2007 ...
- ТРИБИНА ЗА ЗАШТИТА НА ИЗВОРОТ РАШЧЕ ...
- Говор на Градоначалникот Костовски ...

Весниците за Водоводот пишуваат:

- Ќе се гради канализација од два милиони евра ... весник “Време“ 30.01.2007 стр.9
- Ќе се обновува скопскиот водовод ... весник “Шпиц“ 25.01.2007 стр.10
- ЗА ЦЕНАТА НА ВОДАТА ... весник “Шпиц“ од 13.11.2006

За водата и проблематиката на снабдување со вода на Скопје пишував и самиот неколку пати до сега ...

- ИЗВОР - на питка вода во Скупи ...
- Водовод во Скупи ...
- Изворите на питка вода - во и околу Матка ...
- ИЗРАЕЛ ...
- АКВАДУКТ - негрижа на надлежните (Фото досие “Бара“ ...) ...
- ГЕОТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈА ...
- СЕКОЈА КАПКА Е ВАЖНА ...
- КОСТОВСКИ ... насекиран ...
- ЗЛЕТОВИЦА ...
- ВОДАТА - Скопска ...
- Рашче - загрозено !! ...
- Бунари - Септички јами ...

- Vodovod Skopje ...



No comments:

Blog Archive

Site Meter