Search This Blog

Monday, July 02, 2007

Изворите на питка вода - во и околу Матка ...

Пред некој ден - читајки напис во Шпиц: „Матка 2“ ќе проголта извор вреден како „Рашче“ ... ми светна сијалица во мојата глава дека со изградбата на хидроцентралата „Матка 2“ - неповратно ке се загуби извор со капацитет од 2.000 литри вода во секунда, што може да ги задоволи потребите на вода за пиење на цело Скопје. Се сетив на една друга филмувана приказна која мислам дека одеше на МТВ каде подземно се истржуваа извори на питка вода во кањонот на Матка ... Фасцинантно колку е голем резервоарот на питки извори во и околу Матка ... Некако поради мојата зафатеност со некои други теми ја прескочив оваа тема иако питката вода и изворите на вода се во стален интерес на моето блогирање ...

- СЕКОЈА КАПКА Е ВАЖНА ... Човечкиот организам може да преживее без храна триесетина дена а без вода може само недела дена ... Основен предуслов за добро земјоделиее се водата и сонцето ... Ако можеа Израелците од пустиња да прават земјоделски парцели преку системот капка по капка ... веројатно можеме и ние како земја со доволно сонце и доволна количина на вода ... од Македонија да направиме Калиформија ...
- ВОДАТА - Скопска ...
- Рашче - загрозено !! ... Скопје има многу ретка природна реткост да има природен извор - кој со преубава вода го снабдева со вода за пиење цело Скопје. Многу е ретко во светот да со природни извори големи градови се снабдуваат со вода.
Но изворот е во последно време нападнат од повеќе страни со барање на разно разни концесии
...
- МАТКА ... СИНТЕЗИС ... И ... На последниов пост имав фото приказната за концертот на Синтезис ... но на компјутерот останаа уште неколку серии на фотки кои чекаат некја друга прилика да се покажат во јавноста - покриени со соодветна приказна ...

Но да се вратам на изворите на питка вода во и околу Матка ... Тие се најголемото богатство што некојпат го имало Скопје ... питка изворска вода со одличен квалитет - имаат малку големи градови во светот ... Вообичаено сите пијат вода од флаши ... а онаа од чесма им е само за технички потреби ... Велат ке се водело војни во овој век за питките води ...

Пред некој ден гледав и една друга емисија на ТВ каде се потенцираше дека од Македонија - регионот на Река (Радика) и од Охидското езеро имаме квалитетна вода - која со одличен квалитет ја напушта нашата држава ... Некако најнезагадени средини - со најдобри води имаме во најнеразвиените делови на Македонија ... во деловите каде Македонецот оди само да се наслади на природните убавини ... ваков е и регионот околу Берово ... околу Тиквешко езето ... и веројатно уште неколку други региони ...

Но да се вратам на Матка, на темата де ...

Kolaz od fotki na matka - 1 (Large).jpg

Матка не може да се засака и да разбере - ако не ја посетиш и не ја доживееш ... Ова се дел од мои фотки од Матка - кои ги правев при посетата на концертот на Синтезис на Матка ...

На Матка те обвива една свежина од мноштвото вода околу ... мирис на природата кој е специфичен за езерски услови ... Погледнете само на фотката 6 како блика водата од Треска - вода која слободно може да се пие без да се прочистува ...

Kolaz od fotki na matka - 2 Darko 156 (Large).jpg

Горниве неколку фотки ми ги прати на меил денеска Дарко Булдиоски - Комуникации ... кој во неделата бил на Матка ... Во друштво на спелеолог од Пеони со чамец по езерото - ја псетил пештерата Врело ... Воодушевен од она што го видел мислел дека ке ме интересираат фотките ... поради мојот интерес за Матка ... Секако добив дозвола да ги објавам фотките ...

Неоспорно дека Дарко си поминал убаво ... за постов ми е најзначајна последната фотка означена со бројка 11 ... Видете ја таа бистина на водата ...

Постот ке биде продолжен со неколку други серии на фотки кои не се мои ... со соодветни приказни под нив ...

Малку прогуглав за да видам нешто повеќе за Матка 2 или „Света Петка“... Се работи за Хидроелектрична централа која на конкурс е доделена да ја гради Словенечката фирма „Рико“. Реализацијата на инвестицијата започна лани летото, а таа тежи 42 милиона евра.

Новата хидроцентрала се наоѓа меѓу ХЕЦ „Козјак“ и ХЕЦ „Матка“ и со нејзината изградба ќе се заокружи проектот на трите каскадни хидроцентрали на реката Треска. Таа ќе произведува 63,5 милиони киловат-часови електрична енергија годишно. Проектирано е сите три централи на македонскиот електроенергетски систем да му испорачуваат околу 250 милиони киловат-часови струја годишно.

За ХЕЦ Св. Петка (претходно Матка 2) ЕЛЕМ на својата интернет страна дава доста податоци ...

ХЕЦ Св. Петка е лоцирана меѓу новата ХЕ Козјак (во изградба, околу 16 километри возводно од Св. Петка) и постојната ХЕЦ Матка, лоцирана низводно.

Објектот ХЕЦ Св. Петка во рамките на повеќенаменскиот ХС Скопско Поле-подсистем Козјак-Матка има основна намена да го искористи расположивиот хидроенергетски потенцијал на истечните води од ХЕЦ Козјак и локалните води од сливот на река Треска на потегот од профилот ХЕЦ Козјак до профилот ХЕ Св. Петка.

Освен горенаведената намена, со корисниот простор на акумулацијата ХЕЦ Св. Петка заедно со расположивиот корисен акумулационен простор од постојната акумулација Матка, треба да овозможи постојано пререгулирање на дневните истечни води од ХЕЦ Козјак, (проектирана и изградена да работи како врвна електрана според дневните потреби на конзумот), според потребите на останатите водокорисници низводно од ХЕЦ Матка (водоснабдувањето, наводнувањето, биолошкиот минимум и други потреби). Како енергетски објект ХЕЦ Св. Петка практично ќе работи како проточна хидроелектрана со истечните води на ХЕЦ Козјак во тек на денот, пререгулирани и максимално воедначени според барањата на останатите водокорисници низводно од ХЕЦ Матка. Со паралелна работа на ХЕЦ Козјак и ХЕЦ Св. Петка ќе се добие дополнителна расположива снага од ц.ц.а. 110 MW во електроенергетскиот систем. ...

За хидроцентралата Света Петка-Матка 2..." - има прекрасен напис и од Александар ПИСАРЕВ ... ПРЕДЕЛ ВО КОЈ СЕ СЛУША ТИШИНАТА ... А за оваа брана се вели дека ке го заштити дефинитивно Скопје од поплави ...

За Матка бројни написи има на сајтот на Крале Марко ... Гордана браво за тебе ...

За Матка секако инспиративно пишува и Кибицерот - неговите постови за Матка ги презентирав на постот за МАТКА ... СИНТЕЗИС ... И ...

Трагајки за написи кои се врзани за темава од постов налетав и на други линови кои тука само ке ги набројам:

- На Матка ...
- Во манастирот Св. Богородица на Матка и во водите на реката Треска ... галерија на фотки од масовните крштевања на Матка ...
- Матка и кањонот на реката Треска ... Матка некогаш ...
- И Aрвена има неколку написа за Макта од кој овој и е последен


No comments:

Blog Archive

Site Meter