Search This Blog

Saturday, July 28, 2007

1000 - ка

Не, не е препорака за некој филм ... Во прашање е иљадитиот пост на блогот на “волан“. Многу се, малку се, толку се ... За година и три четири месеци - тоа во просек доаѓа по два поста дневно ...

Веројатно со моето пишување им здосадев на многумина ... од друга страна пак читањето на постовите е доброволно ... значи никој не мора да чита ако не сака ...

Има ли ли блогот “волан“ квалитет ... незнам прашање на вкус - а оценката ја давате Вие кои го читате ...
Кои теми го интересираа “волан“ ... За тоа пишував во постот за статистиката на “волан“ ... МОЈА БЛОГ СТАТИСТИКА ...

  • Интернет и компјутери 70
  • Политика внатрешна 135
  • Медиуми 19
  • Светски настани-политика 60
  • Економија 63
  • Блог 15
  • За Скопје 44
  • Лично 23
  • Околу сексипилот 9
  • Општо 33
  • Историски теми 23
  • Археологија МК 55
  • Црква – религија 28
  • Спорт 5
  • Култура - уметност 14
  • Туризам 7

Веројатно ни сега се нема многу изместено статистиката и темите ... Инаку веќе од порано имам кажано зошто го отворив блогот ... па кого го интересира нека прогугла ... :)

Во меѓувреме избегав од анонимноста ... дури и слика ставив ... Ова донесе малку поголема сериозност и одговорност - за мене кога пишувам ... а сметам дека луѓето повеќе веруваат на оние кои стојат позади своите написи ...

Има ли блогот “волан“ релевантност и читаност ??... Е за тоа некој друг треба да каже ... За крај голем поздрав до сите кои ми го читат блогот и до оние кои наоѓаат време дури и да коментрирааат ...

2 comments:

Жарко Трајаноски said...

честито 1000-ка, да ти се множат :)

Aleksandar said...

Здраво!

Честито на 1000-тиот пост. Само една замерка. Зошто не ги ставаш сликите во посебен линк... Малце е глупо да ми се гуши конекцијата секојпат кога го отварам твојот блог. За ова оставив коментар и порано, ама гледам дека но респонс... Те молам, среди го ова, не е толку тешко. Главната вест пиши ја на сајт, и во продолжение стави линк слики. Кој сака повеќе, може да ги отвори. Вака воопшто не е прегледно и делува непрофесионално.

Позз,
алекс

Blog Archive

Site Meter