Лето, надвор пука сонце ... оди преку 40 ... Ништо не се трпи на снагата ... но гол не може да се оди ...
Кошула тенка ленена ... е решение кое народот во овие краишта во летните периоди со децении наназад го практикувал ...
Сите забораваме дека најубавите работи се некаде блиску до нас ... блиску до нашето срце ... Со убивањето на големите текстилни комбинати некако како да умре инвентивноста на домашните модни креатори ... Но, светот на модата се повеќе ке се врти кон модни детали кои имаат извор во народните носии (етно елементи ...) ...
Некој треба да направи комбинација на старите материјали ... и да ги стави во денешно време ... да ги преработи .... нешто слично како што имаме во музиката ... етно елементт владее во светот на музиката ... Ако тоа се случува со музиката ... мора да се случи и во светот на модата .... само некој треба да направи успешна комбинација на старото и новото ... На потребата од удобност на облеката и неоходната сексипилност ...
- kosula ... lenena ...
No comments:
Post a Comment