Search This Blog

Monday, July 23, 2007

Сончеви денови

Деновиве се сончеви денови кај нас тука во цела Македонија ... Вонредна состојба ... Повеќето заминаа на одмори - кој каде ... Некој (малкумината де ...) на егзотичните места по светот ... некој по нашите мориња - езера де ... накој на планина ... повеќето во селата оние заборавените и иселените - во трошните куќи на дедо и баба ... покрај некоја рекичка ... навечер покрај селските чесми и кооперации ...

Се присетив на деновите поминати во Багдад Ирак ... Секое утро ова време - ке се качевме на кровот на куќата во која живеевме ... Наоколу (по другите кровови ...) ке ги извидевме сите ирачани и ирачанки како спијат на кревети на кровот - кој на кревет кој на рогозина ... другаруват со Господ и звездите ... Тоа пак ме подсеќаше на ноќното спиење кај дедоми - во ова време на вршидба се правеа стогови слама ... и имавме обичај да преспиваме на врвот на стогот (копа ..) и да ги броиме звездите ... и да учиме која како се вика ... мала мечка , голема мечка, даница, ујкова слама ...

Друго ми беше зборот кога наутро ке се качев на кровот во Багдад - ке се насмевнев и ке речев “ .. е колку убав сончев ден ке имаме денеска .. “ ... и така цели четири месеци по ред ... Па после кај нас било топло ... а што да очекуваме ... па нели сонцето ни е заштитен знак на државата ...

- soncevi denovi ...


No comments:

Blog Archive

Site Meter