Search This Blog

Thursday, July 12, 2007

ЧИ(в)Ј Е ПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА РМ ...

Чив е председателот на Република Македонија. Непочитувањето на институциите на државата е недозволиво за ниедна држава. А кога во целата работа ке се вмеша и меѓународен дипломатски скандал - тогаш е тоа одраз на израз на крајна нетолеранција.

Владата на Груевски створи имиџ на изолација на Председателот на Република Македонија. Изолацијата оди дури до ниво на анимозитет. Секојпат кога ке се појави Председателот Владата не е присутна. Председателот се одбрати на Собранието. Столчињата резервирани за Владата останаа празни. Председателот додели орден на МПЦ ... Владата не беше присутна ... Иако Буш го советуваше Груевски да има добра кохабитација со Председателот на РМ - за малку Председателот на РМ, немаше да биде ни присутен во Охрид на НАТО средбата ...

Најнов е дипломатскиот скандал со високата австриска делегација - каде Председателот на РМ ке се сретне со австрискиот претседател Хајнц Фишер ... На маргините на средбата требаше да се подпише Спогодбата за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Македонија и Австрија ...

** Министерот за финансии Трајко Славевски одбил да ја потпише во присуство на двајцата претседатели Хајнц и Бранко Црвенковски. Најавено е таа да биде парафирана во наредните десет дена.

- Ci(v)j e predsedatelot na RM ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter