Ете и тоа мораше да се случи ... Некој од археолозите да сфати дека е неразбирливо молчењето на археолозите додека ископуваат ... Некој (веројатно главниот на проектот ...) сватил дека:
** Големиот обем на истражувања (околу 300 ангажирани луге) , силно експонираната позиција на локалитетот во самиот центар на Скопје, како и големиот медиумски, јавен и научен интерес направија да ја понудиме можноста преку овој веб сајт секој да го следи текот на археолошките истражувањата со најзначајните откритија кои при тоа се случуваат.
Свесни дека со отворањето на овој сајт, во исвесна мерка ги загрозуваме авторските права на самите истражувачи, сепак се решивме на таа сметка да оствариме други, според нас многу повисоки цели. Се одлучивме за една нова и невообичаена практика во археолошкото работење, која треба да обезбеди што е можно поголема отвореност на истражувањта и достапност до откриените резултатите уште пред тие да бидат научно обработени и јавно презентирани. Така, го отвараме овој сајт во служба на широко афирирање, како на самиот локалитет "Скопско Кале", уште повеке на археологијата како наука и нејзината социална димензија и хуманитарна мисија во развивање на општата свест за значењето на културното наследство и правилниот однос кон него.
** Тука се представени учесниците во проектот ... оние најважните ... иако веројатно сите се важни ...
** Кале - Скопје во Историските извори ... Чинам дека ова е само прв налет на наведување на историските извори ... премалку е ова за да биде доволно ... верувам дека страната ке се надополнува ...
** Со нетрпеливост ја очекувам галеријата на наодите ...
** Посебно е важно што поскоро да излезе англиската верзија на сајтот ...
** ОД ДНЕВНИКОТ НА РАКОВОДИТЕЛОТ: ... Ова му доаѓа како да го читаме дневникот на капетанот на пловидбата ... интересно замислено ...
“.. пред истражувањето на Кале, како раководител со акцијата, всушност се чувствувам како хирург пред организам зафатен со безброј болести. Ако на тоа му ги додадеме и сите тековни и организациони проблеми што можат да произлезат при реализација на проектот, поради големиот јавен интерес, различните очекувања и постојаните медиумски потреби за спектакуларни информации, работите дополнитетелно се усложнуваат. Така, Калето не е само обичен организам зафатен од различни болести туку пациент од посебен ранг за кој има најширок интерес и за кого постојат различни прогнози и очекувања, а од вас се очекува сите нив да ги остварите..“
Дневникот веројатно има необјавени продолженија ... ги чекаме ...
- Сектор 1
- Сектор 2
- Сектор 3
- Сектор 4
- Сектор 5
- Сектор 6
- Сектор 7
- Сектор 8
- Сектор 9
- Сектор 10
Погоре имаме стории за секој сектор посебно ... Убаво замислено прикажување на различниот период на ископувањето ... Поготово фото сториите ... Убаво ке беше и датуми да имаше под фотките ...
*** Страницата е во изработка ... Поздрав за идејата де се отвори интернет просторот за овие истражувања и да се сврти нова страница во нашата археологија ... Имаме археолошки исктражувања кои никојпат не виделе светло на ден - што е тоа што е одкриено ...
2 comments:
Во футерот стои:
Археолошко Ископувње Скопско Кале © 2007. Сите права се задржани.
Од друга страна, проектов е јавно финансиран и е во сопственост на Република Македонија, значи е јавно добро. Нема копирајт.
Некои луѓе мислат (умислуваат ...) дека се што ке спознаат со пари на граѓаните - потоа станува нивно лично право на интерпретација и копирајт ... :)
Ова поготово важи за археолозите кои во некој закон имаат уметнато дека оној кој го врши истражувањето има екслузивно право на презентација на ископувањето и чесо со новинарите доаѓаат во конфлик поради тоа ...
А праксата покажува дека археолозите скоро никојпат не ги објавуваат своите ископувања - па така имаме ситуација на потрошени заедничи буџетски пари а немаме спознаја што е откриено ...
Навистина жалосна практика ... Особено фали објавувањето на англиски јазик ...
Заради сето ова и го поздравив објавувањето на овој сајт кој колку толку задоволува едан потреба за јавност ...
Post a Comment