Да ја продолжам фото приказната за Скупи од последната фото сесија ... На ред е Водоводот на Скупи ... да, не се чудите “Водоводот на Скупи“ ...
Сплет на водоводни цевки за довод на питка вода и за одвод на водата ... како и за одвод на атмосферската вода ... Слика: еден, два четири, пет и шест - покажуваат мрежа на доводни цевки за вода ... кои веројатно од блискиот извор доаѓаат до Кардо - улицата и преку нејзе се дотура вода до куќите палатите и базиликите а секако и до јавните чесми и мрамори делумно покажани во слика 4 ... До големиот округол камен кој е некаков централен камен, околу кој се одвивале некакви дејствија ... жртвување ... погубување ... којзнае ... а пред него има два големи мрамора ...
Сликата три прикажува прекрасно изработен канал за одвод на вода ... изработен од префинета керамика која и покрај толку векови изгледа како вчера да е правена ... Каналот за одвод е со димензија 40 пута 40 сантиметри по слободна провенка ...
Сликата седум и девет го покажуваат пресекот на цевките ... два цола слободна проценака ... Видите само како се правени спојки на цевките ... фасцинатно спајање на цевки ... Реков и во основниот пост направени се од некоја легура од олово и калај ... изгледаат како вчера да излегле од фабрика ...
Слика десет е надолжна слика на улицата Кардо ... Во левиот близок ќош има плато од фино изравотени плочи од клесан камен со димензии 30 пута 30 санитиметри ... Со слични плочки Кардо улицата во Ерусалим е изведена ...
По мене Водоводот Скопје треба да го носи името Скупи - ова е првиот водовод на скопје насигурно ...
- Vodovod ... Cardo ... СКУПИ ... SKUPI ... SCUPI ... SCVPI ...
No comments:
Post a Comment