По Кратово и Шлегово преку Писам Камен патот не донесе во Пробиштип ... Пробиштип е мало рударско градче сместено на подножјето на Осоговските планини ... и е во течението на Злетовска Река ... Општината Пробиштип заедно со 36-те населени места брои 16.500 жители ... а само Пробиштип има цирка 10.000 ...
Пробиштип кој е вистински град на рударите ... од околните рудници на оловна цинковна руда е релативно нов град ... Тоа се гледа и по изгледот на куќите ... недостасуваат старите градби како во Кратово, па и Шлегово ... Проектиран е и изграден по втората светска војана а интензивно се гради помеѓу 1950 и 1955 година ... Судбината на градот е врзана за Рудниците на олово и цинк “Злетово“ ... Во најголемата економска моќ на рудникот Пропиштип почнува да заличува на вистински современ град ... што се гледа од долниот колаж ... Изградени се бројни станбени објекти - со современ изглед ... школи, градинки, паркови, хотели, спортски терени ... Стандардот на живеење бил сосема еднаков на поголемите градови во Македонија ... Икаку градот го добива името по феудалецот Пробиштиповиќ - кој бил голем сопственик на имот во крајов ... Во минатото тука живееле Пеонците ... Римјаните изградиле свој рударска населба ... Во времето на навлегување на Словените се доселувале и Власите и еден дел на рударските племиња Саси ...
Во средината на осумдесетите (од минатиот век се разбира ... колку далеку изгледа ова ...) почнува да го зафаќа криза овој рударски регион ... кој имаше и голема фабрика за Акумулатори ... Кризата добива врв во нашава сегашна транзизија ... во регионот престана скоро се да работи ... Работниците наместо на работа во рудниците се собираат на штрајкови и протести ... наместо на годишни одмори сега одат на “одмор“ во шаторската населба пред Собранието ... Блокади на патиштата се скоро секојдневна појава ...
Искра надеж се влева со почетокот на градбата на Хидросистемот Злетовица ... каде се очекува да најдат работа голем дел од рударите ... а и да се реши хроничниот недостатотк на вода (особено онаа за пиење ...) во овој крај ... Нерамномерниот развој на државата ни и развојот само на неколку града а особено на Скопје - доведе до тоа, вакви мали перспективни градчиња да се доведуваат до работ на егзистенцијата ...
Бројни се граѓаните на Пробиштип кои спас побараа во вадење на Бугарски пасоши (се разбира заради можноста со него да најдат полесно работата во странство ...) а голем дел од младите од Пробиштип работат по големите крстосувачи бродови - крузери , по нафтени платформи и други работни места - кои значат само дека по добивање на работното место, вадат карта за во едеен правец и се враќаат само - да ги посетат роднините за годишни одмори ... Пробиштип е град на стечајци и пензионери ...
До Пробиштип води сосема солиден асфалтен пат од двата правца и од Кратово и од Штип ... Скопје Пробиштип е цирка 140 километри ...
- Probistip ...
No comments:
Post a Comment