Search This Blog

Monday, July 23, 2007

АБЕЦЕДАР ... ABECEDAR

Многумина го оспоруваат постоењето на современиот Македонски јазик како посебен ... во ова предњачи бугарската и грчката пропаганда ... секоја за свои цели ... секоја посебно но често и здружено ...

Промовирањето на 80 годишнината од издавањето на првиот македонски абецедар во Атина - беше настан проследен од највисоките научни кругови во нашата земја .... академијата пред се ...

Исценирањето на палењето на возот во кој се превезуваше првиот македонски буквар ... не беше доволно да се уништи и неговото печатење кое се случи под притисок на европските држави ...

Првиот македонски буквар доживеа и интернет издание ... за да го читате одкако ке влезете во линкот кликајте на некст ...

Да се подсетиме Абецедарот беше објавен од Грчката Влада во 1925 година ... оригиналот се чува во Националната библиотека во Атина ... Еден оригинален примерок има и во нашиот историски архив кој е поклон од Вангел Ајановски ... “Абецедарот буквар на македонскиот јазик“ имаше за цел да го овозможи учењето на македоскиот јазик за македоските деца во Егејска Македонија.

Здружението на Македонците во Егејска Македонија “Виножито“ (Павлос Воскопулос) - откако доби тужба во европскиот суд за човекови права ... дел од парите ги искористи за да го ребјави првиот буквар - кој беше нели спален во исценираниот пожар ...

Инспириран од македоскиот абецедар Мечето Ушко (деновиве популарен ... а јас велам стално популарен заради неговиот квалитет на пишување ...) напиша свој МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТСКИ АБЕЦЕДАР ...

Деновививе има ново откритие во врска со првот Македоски Абецедар ... за ова пишува денешен Утринаски: Откриен нов буквар во Грција печатен на македонски во 1926 година - Димитар Чулев ...

- Виножито дојде до фотокопија на букварот на кирилица чуван во Архивот за модерна социолошка историја во Атина.
- Под притисок на меѓународната заедница, грчките власти во 1926 година беа принудени да издадат буквар за изучување на македонскиот јазик и со кирилично писмо.
- Тоа е една година подоцна од 1925 кога беше отпечатен „Абецедарот“ („Агностико“), но со латинично писмо наменет за македонските деца и за изучување на нивниот мајчин јазик. Како што е познато, ниту латиничното издание на букварот ниту, пак, тоа издадено една година подоцна, не стигна до тие за кои беше наменето.
- … до копијата на букварот за учење македонски јазик и со кирилично писмо дошле благодарение на пријатели и колекционери кои успеале да направат фотокопија на оригиналот кој моментално се чува во Архивот за модерна социолошка историја во Атина.
- „Куриозитет на ова ново откритие е и тоа што букварот е отпечатен во Солун во печатницата ’Папанесторас‘ на улица ’Александар Македонски‘ бр. 16“, вели Павлос Воскопулос, член на колективното раководство на партијата ЕФА – Виножито, околу кое гравитира македонското малцинство во Грција. „Наскоро ќе објавиме и факсимили, но и печатење на букварот во неговата оригинална македонска и кирилична форма“.
- „По ова откритие, конечно, се беспредметни дискусиите на Грција на тема постоење на македонско малцинство и македонски јазик“, вели Воскопулос. „Ако веќе грчките власти не сакаат да признаат дека постои малцинство, не сакаат да организираат попис на кој ќе се утврди постоењето на не-Грци по род на нивна територија, тогаш не можат да го пренебрегнат податокот дека токму грчката влада во 1926 година објави буквар за учење на македонскиот јазик со кирилично писмо“.
- Добро е да се знае и податокот дека веднаш откако Грција ги приграби таканаречените „нови територии“ на 19 декември 1920 година беше организиран попис на населението, а на пописните листови беа поставени прашањата: „кој е твојот мајчин јазик“, „каков јазик говорите дома“, „доколку вашиот мајчин јазик не е грчки, дали разбирате грчки“... Овој пописен документ може да се најде во книгата на М. Хулуракис. За жал, податоците за етникумот на популацијата во „новите територии“ никогаш не беа јавно објавени. Меѓутоа, беа искористени заради преселба и размена на населението помеѓу Турција и Грција и во таканаречениот процес на „доброволна размена на популацијата помеѓу Грција и Бугарија“.

- Треба да се спомне дека на повоените пописи од 1961, 1971, 1981, 1991 секакво спомнување друг мајчин јазик освен грчкиот е забрането. Исклучок бил пописот 1951 кога можело да се најде декларирање како „славјански“ јазик.

- abecedar ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter