Секое познавање на јазик е богатство повеќе ... Познавање на јазикот на првиот комшија во нашиов случај Бугарски, Српски, Грчки и Албански е голема потреба ... Луѓето кои знаат повеќе јазици се вистински богати луѓе - бидејки тие спознавајки некој странски јазик ја спознаваат историјатa ... културата ... обичаите и традициите на тој народ ... Незнаењето на јазиците на комшиите често допринесува до меѓусебно недоразбирање ... често и војни ... И обратно знаењето - значи стварање на мостови на пријателство и доверба ... спознавање на културните и историските вредности на другиот народ ...
Но ... време на глобализација е ... веќе се групираа неколку светски јазици кои ке доминираат во иднината ... пропадна идејата за правење на некаов експеранто јазик ... Преку филмот, музиката ... културата и субкултурата ... особено новите технологии - компјутерите и пред се интернетот ... Англискиот јазик стана доминатен во овој дел од светот какде живееме ... Ова одавна го сватија родителите - кои се убија финасирајки нивните деца да научат Англиски ... Ова дури го сватија и политичарите ни - секоја година се порано се учи Англиски ... Но мислам дека ова не е доволно ... Треба да смогнеме сила и Англискиот да го прогласиме за втор мајчин јазик ... јазик со кој ке се разбираме со светот па и со комшиите ако сакате ... Не велам - дека тука треба да го заборавиме Македонскиот јазик ... како изворен мајчин јазик ... напротив ... но навреме треба да го фатиме чекорот на глобализацијата и доминацијата на англискиот јазик и да се престроиме ... Од градинка па до крајниот стадиум на школското Англискиот полека да се унапредува додека не стане вистински втор мајчин јазик ... Така ке имаме многострука корист и исплатливост на таа инвестиција ... од една страна ке ни се отвори сето знаење кое преку англискиот јазик сега е достапно скоро бесплатно на интернет ... и од друга страна - ке можеме лесно и брзо без проблем да комуницираме со светот и комшиите ...
За комшиските јазици во школството треба да има спознаја за неколку стотини најчесто употребувани зборови ... како добар ден ... како сте ... создравие ... и незнам кои ...
Ова го трубам неколкупати веќе ... но ке го повторувам за да ја искористам теоријата на Гебелс ... дека многу пати повторена (дури и невистина) станува вистина ...
- Angliski ...
1 comment:
Globish is a portmanteau neologism of the words Global and English. It is a simplified version of the English language that uses only the most common English words and phrases. It is used by non-English-speakers of various native languages.
Post a Comment