Search This Blog

Monday, July 16, 2007

Стан VS. куќа

Од секогаш сум им завидувал на оние кои живеат во куќа - но еве животот се одвиваше така да стално живеам во стан ...

Да живееш во зграда навистина не е природно ... Години ке ти требааат да дознаеш со кого го делиш зидот ... кој спие на 20 сантиметри од твојата глаа ... Често знае да биде и нехумано живеењето во зграда ... Ако си високо немање лифт е рамно на трагедија ... а тоа се случува често ... Немање вода на повисоки спратови е исто често ... Но во колективни згради за живеење - живее повеќе од половина Скопје ...

Лето е сезона кога луѓето во потрага за квадрат повеќе, за соба повеќе се одлучуваат да направат нова соба ... да срушат некој зид ... да реновираат купатило - кујна ... Во зграда каква е мојата, која е правена од 100 одсто бетон секое реновирање е проследено со неколкунеделно бушење со торни и големи бушилици и тогаш живееме како да сме во рудник ... под пресија на вискофрекфентните торни и бушилици ... тешки чекичи и штемајзи ...

Ги разбирам луѓето ... и самиот ке имам веројатно некојпат потреба да го правам истото ... Но може ли во објект кој е во функција каде живеат пензионери и мали деца со денови да се лупа ... таман еден ке заврши некој друг ке почне ... несносливо ... Но мора да се издржи ... нема друг лек ... Да пријавиш комшија на полиција заради лупање - ми е лицемерно ... па и самиот кога тогаш ке мора да лупаш ...

Затоа велам живот во зграда е нехуман начин на живеење ... Искрајно сакам куќа и двор ... но еве животот пресудил да не живеам во куќа и во двор ...

2 comments:

Anonymous said...

Ми се плаче кога го читам постов. Во иста ситуација сум :(

Ania said...

на сета мака (живеење во зграда, еве и јас цел живот истата судбина дури и во Полска), вистинска благосостојба е фактот што сите тие рушења ѕидови, додавање спратови и сл. се се уште во Македонија возможни...за разлика од другите земји каде што тоа се нарекува дивоградба.

Blog Archive

Site Meter