Во Прилеп ова време синоќа имаше организирана блогерска - пиво журка на отворено ... Поканети беа сите ... Знам дека една група од четри блогера замина за Прилеп ... веројатно и од други градови имало блогери ... Но се едно, блогери не блогери - синоќа во Прилеп се пиело и јадело ...
Еве неколку фотки за оние како мене - да видат што пропуштиле ... За жал не можев да дојдам во Прилеп ... во Неделите имам фамилијарна обврска ... А кога ги видов фоткиве од првиов колаж ... искрајно ми беше криво ... Добро друштво ... летна ноќ ... пиво ... музика ... лапачка ... до паѓање под маса ... :)
Огганизаторот ... не покани со овој пост ... Бира Блог Парти 2 ... Првиот извештај го имавме тука ... Некој бараше резервации ...
Гледам присутните - сеуште не дале извештај ... Има неколку можности ... Се запиле и им се приарнило па остаале и за денеска ... Или ...
Организаторот соопшти бројки ... се надевам не се штимани по рецепт на МК Завод за Статисика ... демек 400.000 гости ... испиле 250.000 литри пиво ... и изеле 50 тони месо ... Значи во просек еден испил 2 пива ... 2 плескавици ... Нешто малку ми се гледа ова ... Но добро МК статиситка е позната по штимовање и местење резултати ... па ако ги дале вистинските бројки ... прилепчани и нивните гости ке ги прогласеа - од една страна за пијаници ... и месождери ... додуше ако им дошле шкембарите од Битола а верувам биле ... тие го квареле просекот ... Шкембе од две пива и две плескавици не се прави ... :)
Барајки ги блогериве по фоткиве ... видов дека седница на Влада на РМ - синоќа одржале во Прилеп, под председавање на Подпредседателот на Владата на РМ .... Ставревски ... (за кој патем приметив - дека ја плати сметката за пиво ... кебапите кој ги плати ... незнам ... А дали Горданчето како што ја вика Деди ... била со џипот на Бекам ... веројатно некој ке шепне ...
- Pivo fest 2007 ... Prilep ...
No comments:
Post a Comment