Од еден запуштен подрум Кустосот и Директорот на Домот на културата во Пробиштип - Роца Николовска ... одлучиле и направиле Етнолошка збирка ... Морам да признам дека ми е криво што не направив уште стотина фотографии таму ... имаше преубави ракотворби од околината на Пробиштип - сите до една подарени ... навистина импресивна збирка на МК ракотворби кои не подсетувааат за изворните материјали кои се носеле во овој крај ... за некогашната мода и некогашните неоходни домашни алатки и занаети од Осоговијата ...
Во првиот колаж за око ми паднаа прекрасните материјали - од кои се ткаени подкошулите и кошулите за женската облека ... нешто што го допира телото а не го иритира ... нешто кое може многу лесно да се носи во летните горештини ... нешто кое може да се експлоатира во современата мода и како материјал и како специфична комбинација на бои и шари ... фантазија ... само да се најде инспириран креатор ...
Трука се и многуте сајчиња, фути, колекција од торби - кои ние скопјани ги знаеме како коледарски ... како и други делови од носијата ... Три преубави столчиња троножци ... делови од земјоделси алатки кои беа во употреба до пред дваесетина години ... а некаде и сега се употребуваат ...
На последниот колаж импресионираше разбојот ... и другите справи за обработка на волна, памук и природна свила ... Што да Ви кажам ... сликите зборуваат ... а мене дел од срцето и душата ми вели дека треба да се вратам да направам уште стотина фотографии ... а секоја фотографија може да биде прекрасна приказна ...
- Probistip ... etnoloska zbirka ...
No comments:
Post a Comment