Search This Blog

Friday, July 20, 2007

БЛОГ - цензура ... МК модел ...

Може ли блогот да биде цензуриран ... Многупати реков дека тоа е непотребно замарање на законодавецот ... Апсолутна блог - цензура е невозможна ... дури и непотребна ...

Некој кој сака да пушта содржини на блог ... притоа неговата анонимност е скоро загарантирана - ако самиот блогер одлучи да биде анонимен ... со разните технички погодности ...

Но према она што го пишува денешено Време - СО НОВИТЕ ЗАКОНСКИ МЕРКИ - Државата ќе им ја затне устата на БЛОГЕРИТЕ ...

- Иако блогерајот е начин за слободно изразување ставови и мислења, често се злоупотребува и за ширење ксенофобија и национална нетрпеливост.
- Нашата држава, иако демократска и гарантира слобода на говорот, подготвува законски мерки со кои текстовите на Интернет што шират расизам и ксенофобија ќе се цензурираат.
- .. ова прашање ќе биде решено со законот за борба против компјутерскиот криминал, како и со одредени измени во Кривичниот законик, кои покрај борбата против компјутерскиот криминал, ширењето вируси, детската порнографија, ќе опфатат и текстови со расистичка и ксенофобична содржина.

- „Какви Роми бе, Роми во Романија, тука ЦИГАН си е ЦИГАН! Ги собраа сите шахти кои можеа да ги извадат”
-
„УААА Шиптари”, „Цркнете Грчишта”
- „... глупите Бугари, дигнатите Грци, препотентните Срби и простите Шиптари”.
- Препукувањата на национална основа преку Интернет се карактеристични за бившите југословенски простори,

На блогерајов имаше милион слични случаи ... особено меѓусебната бугарско - македонска интернет војана на блогерајот ... резултира особено со случајот на блогот на Нашиот сосед (линк 1, линк 2 ...)... за кој Бугарската страна интервенираше и до највисоките македонски институции ... Дали оваа “цензура“ е условена со овој случај ...

Нешто слично имавме во Хрватска ... Кина е шампион во цензура ...
За - “СЛОБОДА“ на медиумите пишував порано ...

- За ова имаше пост утрово и Блогот “Комуникации“ ... Блогерите на насловна ...

- Blog ... cenzura ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter