Search This Blog

Thursday, July 19, 2007

360 Македонија ... 360 Мacedonia

360 com 1 naslov (Small).jpg

По препорака на Дарко од Комуникации, (успут нешто кречи на својот сајт...) кој вчера ми прати линк од овој сајт “360 Македонија“ ... дури денеска имав време малку подетално да го разгледам. Се работи за комерцијален сајт - кој преку промоцијата на македонското културно наседство - преку промоцијата на најубаците цркви и манастири и поважните археолошки локалитети од Македонија се ободува да пронајде клиентела каде евентуално ке продаде одреден производ ... ЦД ... слика ... книга ... копија од артефакт ...

Наречен е “360 “ - бидејки во основа се работи за прикажување на поважните цркви, манастири и археолошки локалитети ... на база на виртуелно вртење околу одредена точка (на сите четири стрни ...) кое е постигнато со помош на апликацијата Јава ... а на нашите компјутери можеме да го гледаме преку QuickTime платформата. Има Македонска и Англиска верзија ...

360 com 2 naslovna na Makedonski (Small).jpg

Во насловот на сајтот е ставена панорама на Црквата во Канада, Торонто - “Св. Климент Охридски“ ... Ова некако ме упатува дека се работи за “наше дете“ што би се рекло кое живе во Торонто Канада ...

Св. Климент Охридски - Полн Прозорец Панорама на Неделата - www.360macedonia.com
Направен е избор на поголемите градови во Македонија со избор на најзначајните културолошки центри по наоѓање на авторот ...

Скопје
Битола
Ресен
Охрид (УНЕСКО)
>>Св. Наум
Струга
Куманово
Крива Паланка
Струмица

Скопје е представено со неколку локации

Скопје ТВРДИНА (кале)

Матка Св. Богородица

Кањон Матка

Матка - Св.Андреја ... внатрешно ...

На сличен начин се представени и другите центри Битола , Ресен , Охрид (УНЕСКО) , >>Св. Наум , Струга , Куманово , Крива Паланка , Струмица , ... Останале непокриени уште многу градови во Македонија ... а и во оние покриените фалат многу места кои се од големо значение ...

Бидејки страната на сајтот за нас ... е празна ... со сигурност не можеме да знаеме кој е творецот на овој убаво замислен сајт ... кој бара многу дополнувања во текстовите за она што во него се презентира ... И уште многу , многу локации кои се непокриени ... Веројатно или авторот на проектот работи на друг попрофитабилен проект или се има заморено ...

** Соновник ... Тука по абецеден редослед е дадено кратко толкување на соновите ... На пример за БАКНЕЖ .... е дадено следното толкување .... Ако некој те бакне - те лаже; ко бакнеш некого - добар напредок ...
** Има и Хороскоп ... каде се дадени основните толкувања на хороскопските знаци ...
** Во рубликата КУЈНА ... дадени се интересни рецепти ...
** Рубликата ДУЌАН ... е замислена да купите одредена Слика ... Керамика ... Филм ... и веројатно да платите преку кредитна ... Моментално страната е празна ...
** Дадена е можност за КОМЕНТАРИ ...
** Може и да остварите КОНТАКТ ...
** Имате и преглед што се имате во вашата КОРПА ... пред да се одлучите конечно за купување ...

Како и да е убаво освежување и добра идеја - како преку представување на МК културно наследство може да се заработи некој денар на интернет ... Но во Македонија има некаков закон кој забранува без одобрение на надлижни органи да се користи името Македонија и да се користи во комерцијални цели - ако за тоа нема одобрение на надлежен орган ...

Како и да е навистина прекрасна идеја и вложен голем труд ... особено во изработката на кружните погледи на оделните локации ... кои за жал се со слаба пикселажа .... веројатно е замислено подобра писелажа да се наплатува ... а фали и пропратен поширок текст за самите објекти ...
Да не заборавам истиов сајт вчера со краток текст го промовираше и Panta Rei ...
- 360macedonia.com ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter