Доаѓањето на власт во Македонија со лажење на народот во предизборието ... а потоа терање по свое ...користење на позициите за лично богатство ... беше карактеристика на нашиот политички живот во минатите 16 години ... Зошто мора да се лаже за да се дојде до власт проба во своја анализа да појасни Проф. Денко Малевски:
- Волтер Липман рекол - дека демократијата како систем има една голема мана: ги тера политичарите и, би додал, интелектуалците со политички амбиции во Македонија, да држат чекор со демократската парада и да не се истрчуваат со идеи за кои јавното мислење не е подготвено да ги прифати.
- Македонските политичари и интелектуалци свесно избираат да не ја кажуваат вистината, дури и кога ја знаат. Зашто цената за кажување на горчливата вистина значи скоро сигурна политичка смрт.
- Дури и во услови на сериозни политички кризи и војни, политичарот и неговата сенка, интелектуалецот, избираат да не бидат во право само за да одржат чекор со демократската парада.
- Својот политички опстанок македонскиот политичар и интелектуалец, имено, мораат да го одработат со средства кои се карактеристични за политички амбиент полн со невистини или, како што би рекол Мисирков, „со лажење и на десно и на лево“.
- Најуспешните меѓу лажговците на МК политичка сцена, способни да фатат такт со секој нов марш на демократската парада, како да стануваат политички бесмртни. Рецептот е едноставен: ако си водач, никогаш не спротивставувај им се на страстите на масите, а ако си следбеник, никогаш не спротиставувај му се на водачот.
- Лажат за да дојдат на власт, за потоа, соочени со одговорностите на владеењето и желбата да останат таму, бараат чесност од другите.
- Во изминативе шеснаесет години буквално сите лажеле, во една или во друга прилика, „и на десно и на лево“.
- Фактот дека во институциите на власта, еве веќе шеснаесет години, гледаме измамници, делува поразително врз моралот на македонското општество. ... македонскиот граѓанин е сериозно деморализиран.
- Липман ја дефинира вака: „Деморализиран народ е оној во кој поединецот станал изолиран и е жртва на сопствените сомнежи. Тој не верува никому и ништо, дури не си верува себеси. Не верува во ништо, освен во најлошото во секого и во се'. Кај себе гледа само конфузија, а кај другите заговор. Тоа е паника. Тоа е распаѓање. Тоа се случува кога во некакви вонредни околности од нивните животи, луѓето ќе се најдат без поддршка на јасни убедувања кои ги трансцедентираат нивните непосредни и лични желби“.
- Од каде тогаш таква масовна поддршка на еден деморализиран народ на потезите на новата македонска власт? Од желба за одмазда кон сите политичари. Тие, имено, го научија народот да става знак на еднаквост помеѓу политиката и измамата. Затоа, ова е поддршка за пресметка. Пресметка од која би можело да се роди пристојното општество.
Дојдено ли е времето да се пресмета некој и со крупните риби ... Ке ја искористи ли шансата Груевски што му ја дава народот ... Ке видиме ... Со плаќањето на ангажманот на Моника Маковеј - ЕУ поточно Британската Влада јасно дава сигнал дека е време за пресметка со крупните измамници ... кои во транзицискиот период успејаа нечесно да приграбат големи богатства ... и сега од позиција на Олигархија се борат богатствата да ги сочуваат ... преку својата финасиска моќ со своите пипци допираат до највисоките позиции во државата, судството и партиите ...
Да не заборавам да додадам една своја теза која ја напишав во некој поранешен пост ... Македонскиот граѓанин во текот на изборите сака да биде лажен - како жената кога сака да слуша само убави нешта за себе и комплименти од саканиот ... како во песната “..Лажи, лажи, лажи ме - ти ме лажеш најбоље ..“
- Lazenje ... politika ... izbori ...
No comments:
Post a Comment