Search This Blog

Saturday, July 28, 2007

ГЕОТЕРМАЛНИ ВОДИ

За важноста на геотермалната енергија веќе пишував ...

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/c/c4/Geothermal_energy_methods.png

http://www.imaexploration.com/i/maps/geothermal.jpg

Енергијата и енергетските извори во светот предизвикаа многу војни - кои и ден денеска се одвиваат ... Контролата на енергетските извори една од најглавните приоритети на високоразвиените земји ...

Македонија е земја во која има неколку басена на геотермални зони ... каде самата природа покажува дека има можност за добивање на геотермална енергија ... од геотермалните извори кои ги има природни и вештчки - дупчени од човекот ... Вообичаено гетермалните зони се пратени со природни извори кои човекот ги користел како бањи ... Историјата и археологијата сведочат за многу такви извори и бањи ...
- Бањата Бањиште 39,3ºC. е лоцирана во подножјето на планината Крчин, на надморска височина од 870 метри. Планинскиот простор во кој се наоѓа не е пречка за да се дојде до оваа бања. Во нејзина близина се наоѓа регионалниот пат СкопјеДебарОхрид, од кој се двои асфалтен пат до бањата.
- Бања Банско е бања во југоисточна Македонија, близу до Струмица и селото Банско.
- Бања Кеживица - Штипско ... Во Кежовица влегуваш фатен, а заминуваш одејќи ... Минералната вода во бањата Кежовица кај Штип има температура од 70 степени и по својата радиоактивна лековитост е слична на Карлови Вари.
- Струмичката бања “Цар Самоил” ...
- Катлановска бања Скопје ...
- Дебарски бањи ...
- Кумановска бања ...
- Бања Стрновац - Старо нагоричане ...

- Македонија може да произведува струја од геотермалните води
-
Во Кратовско -злетовската вулканска област постојат огромни количества топли води
-
Република Македонија е едно до најбогатите подрачја со геотермални води на Балканот, но искористеноста на овој најчист еколошки енергенс е речиси на почетно ниво.
- Нашава држава може да обезбеди производство на значајни количества електрична енергија ако посериозно се сврти кон Кратовско-злетовската вулканска област каде што на длабочина од две до три илјади метри постојат огромни количества топли води со температура од 120 до 300 Целзиусови степени.

- „Во нашава држава моментално се експлоатираат околу педесетина локалитети кои главно се сконцентрирани во југоисточниот дел на Македонија. Во Струмичко, Кочанско, Штипско, Гевгелиско, Кумановско, Виничко како можност за економски просперитет на располагање стојат геотермални води со капацитет од 1.300 литри вода во секунда, а се користат околу илјада литри.
- Според него, кога сегашните илјада литри геотермални води би се употребиле за производство на струја, што е светски тренд, би обезбедувале 173 мегавати, количество сосема близу до електричната енергија што ја дава еден блок на битолската термоелектрана.
- Потребна е инвестиција од пет милиони евра за да се пробие на длабочина од три илјади метри и ќе се покаже оправданоста на нашите процени дека на тој простор Македонија може да ја добие својата прва геотермална централа за производство на струја

Мислам дека за територијата на градот Скопје е донесене забрана за дупчење и потрага по Геотермална енергија ... Некој донесе таков пропис ...??!!

- Geotermalni vodi ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter