“Нешто смрди у држави Данској“ ... Мислам околу Воената болница де ...
И тука се спомнува некаква трансформација ... А од тој збор се ежам ...
Заинтересирани странки изгледа има многу ... Партиите на власта и опозицијата ... Ривалството во преплетените надлежности на Председателот ни и на Премиерот ни ... Кардиохирургијата на Митрев ... Огромниот плац на многу убаво место ... Нато веќе фрли раце на една третина од локацијата ... да не и ја треба и другата половина можеби ...
Осеќам дека ова ке биде голема тема во летово и есента ... како и трансформацијата на касарните - кои сега се без војници е одавна почната ... Инаку јас самата касарна Илинден би ја направил универзитетски град ... и така ги има сите неопходни објети ...
Воена болница имало уште од турско ... Првата локација е под Кале ... Во таканареченото србско време на краљевина Југославије ... воена болница беше пребацена на местото на сегашен Саем ... Импозантен објект со многу бараки наоколу ...
Земјотресот ја сруши и сега воената болница е во Карпуш ... Што ке биде со нејзе ... И треба ли на Македонија ... која варијанта ке се одигра ... ке видиме ... Што би рекол пријателот историчар по педесетина години некои тогашни историлари ке судат која варијанта била подобра ... Сега ние обичните смртници ке бидеме само неми посматрачи ... и така никој не не есапи ... Изборите се далеку ...
- Voena bolnica ...
No comments:
Post a Comment