Search This Blog

Friday, July 13, 2007

КРАТОВО и околината ... можни туристички приказни ...

Во потрага по нови места - кои до сега не ги беше видело моето око во Вторник на 10.Јули - бев во посета на Кратово и околината. Бев во друштво на Гордана Јаниекиевска - авторката на порталот Крале Марко ...

Љубезен домаќин ни беше Стевче Донев од Општинскиот центар за карпеста уметност од Кратово.

Целта на патувањето е да се евидентираат можните интересни приказни од Кратово и околината ... приказни од туристички аспект на гледање ...

Патувањето за малку немаше да се оствари имено пред Кратово наидовма на блокада - штрајк на мост од граѓани на Кратово кои заради остварување на некоја нивна цел го беа блокирале патот т.е. мостот пред влезот на Кратово ...


Почекавме малку и одкога полицијата ни објасни дека или треба да се вратиме за Скопје или во Кратово да одиме преку Штип или да одиме на мало возбудливо патешествие во стилот на “Камел тропи“ (рели сафари...) и рекичката веројатно Крива река да ја поминеме ниско по земја по вода де ...

kolaz - premin preku reka (Medium).jpg

Попат километар ипол по макадам тамо ваму ... љубезна бабичка ни го покажа патот ... “.. туј, синко туј, л‘сно ке пројдеш вода е плитка ..“ ... Квачка со пилиња не пресретна што за мене беше знак на ксмет ... Неколку куќи во прекрасна ладовина крај реката ... Им позавидев по малку но гледајки им го висинскиот стандард се подзамислив малку ...

kolaz - prva presija od kratovo (Large).jpg

Кратово не дочека во раскошнен сјај ... Кој би рекол дека Кратово сега е еден од најпасивните и најсиромашните делови на МК ... За Кратово мислев дека е мала паланка ... небаре село ... но сум се прелажал ... Архитетурата на Кратово вели дека ова место живее многу векови со историја на градско живеење ... какде евреите 16 фамилии биле присутни ... а штом имало Евреи тоа е знак дека местото некогаш било богато ... Рудниците некогаш имале огромно значение ... Рудниците се судбината на Кратово, околу која се врзува минатото и иднината на Кратово ...

Не пречекаа прочуените борови кои се повеќе стотина години стари ... (старите борови ке бидат посебна приказна - како и мостовите и стражарските кули низ Кратово кои доминираат во Кратово ... се разбира со огромната саат кула ... тазе реновирана ...)

kolaz-centar za karpesta umetnost (Large).jpg

Бевме пречекани од Стевче Донев од Општинскиот центар за карпеста уметност од Кратово ... каде ни се приклучи и директорот на Музејот на Кратово ... Во кафе муабет ја договоривме турата која беше многу амбициозна ... дури се граничеше со многу набиена тура со многу локации ... Попат собиравме и многу приказни на база на кои треба да се прави туристичка понуда на Кратово и околоината ... Центарот за карпеста уметност беше навистина прекрасно стокмен ... во мала просторија многу работи наџиџани ... но сепак со вкус ... За жал отпадна средбата со д-р Душко Алексовски кој беше заминал на неодложен службен пат ... Куклица ... Цоцев Камен и Карпестата уметност останаа за некое друго доаѓање во Кратово ...

kolaz - Saat kula 1 (Large).jpg

Погодувате веќе ова е Саат кулата во Кратово ... Тазе изреновирана со историска поставка од музејот на Кратово ... Убаво уреден простор ... Саат кула но без саат ... Оние кои се задожени за реновирањето не сакале да стават некој соврмен часовник ... сакале соодветен - стариот ... Каде само ке бараат старски сати ... По мене мора да се направи компромис на старски изглед од надвор ... но современ механизам одвнатре ... Вака некако Саат кула без саат не личи ... Но и во Скопје од ‘63 навака нема сат на Саат кулата во Скопје ... Саат кулата означува дека ова било важен град кога се градела саат кулата ... Само важните градови имале саат кули ...

kolaz - Saat kula 2 (Large).jpg

Видете само какви прекрасни фотки излегоа од внатрешноста на кулата ...

kolaz - pogled od Saat kula 1 (Large).jpg

Поглед од Саат кулата ... И бегот вака веројатно сакал да ги одмара очите ... Имал преглед на сите влезови и излези од Кратово и контролирал дали стражарите наплатувале мостарина по мостовите ... Спие ли некој во стражарските кули ... Се шета ли некоја нова анама ... згодна и бујна ...

kolaz - pogled od Saat kula 2 (Large).jpg

Еве уште еден приказ од она што Бегот го гледал од чардакот на Саат Кулата во Кратово ... Секако фотките се од пред некој ден ... Но сеедно местото е исто ... куќите се троа понови ... иако некои се е бајаги стари како на пример Синагогата Еврејска ... Добро е што во архитектонска смисла на зборот се немаат многу сменето фасадите на Кратово ... лукот де ...

Ju Tjub - snimka od Saat Kulata.jpg

Кликнете не сликата да изгледате кратка снимка од погледот од Саат Кулата ...

kolaz - stara carsija 1 (Large).jpg

Кратово има едни од позачуваните стари градби - кои се одраз на автентичната македонска архитектура ... Има реновирана Стара Чаршија која има задржено голема автентичност ... Чинам дека некој добро си ја завршил работата ...

kolaz - stara carsija 2 (Large).jpg

Во склопот на чаршијата прекрасно се вклопуваат старите мостови и кули ... а и зградата на Музејот на Кратово е преставрирана и обнована во стариот лик - и дава посебен шмек ... Жалам што немавме време да влеземе и внатре во музејот и да ја видиме поставката ... но се надевам ке има и другпат ... Само зирнавме на кратко - во холот имаше изложба на детски цртежи од старо кратово - вечна инспирација за овдешните уметници ...

kolaz - novo Kratovo 1 (Large).jpg

Потрошив некоја фотка и на ново Кратово ... Центарот е одлично среден ... Многу градови од Македонија би сакале вака да им изгледа центарот ... Замерка - да бензинската работи само до 20 часот ... За малку ке останев без бензин ...

kolaz - novo Kratovo 2 (Large).jpg

Хм, ново Кратово со нова млада генерација ... Фросина и Ана го разубавија горниот колаж ... Млади моми кратовчанки ... ведри и убави девојки ... Без некој поголем проблем пристанаа да позираат ... Сега ке пукнат од мака сите останати моми кратовчанки што не се најдоа на право место - во право време ... Фросина и Ана ке станат популарни ... изгледа веќе и се во маалото ... Погледнете само како ги меркаат момците од последната слика лево од колажот ... Сигурно со сати чекаат да поминат Фросина и Ана ... Ама ...

kolaz - Crkva Kratovo 1 - nadvoresno (Large).jpg

Црква Св.Јован ... надворешно ... возобновена 1836 ...

kolaz - Crkva Kratovo 1 - vnatresno (Large).jpg

Во внатрешното средување и обновување на фреските свое големо ушество има Папрадишки ... додека во архитектонското уредување се осеќа раката на Дамјанов ...

*** Следат уште продолженија навраќајте на постот ... одвреме навреме ..

1 comment:

Unknown said...

Волан, браво за сликиве, ала вера!!! Нависитна Кратово заслужува повеќе внимание од тоа да биде само Ѕинголенд!

Blog Archive

Site Meter