Дигитализација на Македонските архео-локалитети е нешто кое го предлага Археологот Виктор Лилчиќ, професор на катедрата за археологија при Филозофскиот факултет и претседател на Македонскиот центар за археолошко истражување, заедно со уште некои негови колеги ...
- Елаборат за изработка на прв археолошки катастар на Република Македонија подготвија група македонски истражувачи.
- Со проектот треба целосно да се документира македонската археологија, а државата ќе може да ја регистрира својата сопственост и да го заштити и контролира вредното наследство.
- Елаборатот е веќе доставен до Управата за заштита на културното наследство и до Министерството за култура, а деновиве треба да му биде претставен и на премиерот Никола Груевски.
- Во Македонија владее хаос во морето информации од археолозите, етнолозите, поранешните патописци. Податоците за околу 5.000 археолошки локалитет се собрани во трите археолошки карти изработени во 1954, 1976 и последната, од 1995 година.
- За 50 отсто од локалитетите немаме сигурни, прецизни и потврдени информации.
- Секоја сериозна држава мора да направи официјален попис и регистар за своето културно наследство.
- Локалитетите треба да се категоризираат, класифицираат и типологизираат, а сето тоа да се комбинира со геодетски податоци, со што ќе го заокружиме мегапроектот и ќе добиеме археолошки катастар на Македонија.
- Во проектот учествуваат Археологот Виктор Лилчиќ и неговите колеги од Филозофскиот факултет, археолозите Драги Митревски и Елица Манева и етнологот Љупчо Ристески.
- Целта на проектот е да се формира современата база на податоци, која ќе овозможи дигитален запис на македонската археологија.
- Проектот ќе чини околу 4,5 милиони евра и треба да се реализира за шест години.
- Предвидено е да бидат опфатени околу 6.000 локалитети од предисторијата, антиката, средниот век, се' до 20 век.
- Реализацијата ќе се одвива во две фази. Во првите три години ќе бидат обезбедени информации за највредното културно наследство, а во наредните три години за сите останати локалитети.
- Ќе се формира дигитален центар како централна база на податоци, а теренското истражување ќе го водат 10 екипи, меѓу кои ќе има археолози, етнолози и геодети, кои ќе го прават записот и планиметријата. Предвидено е да се обработуваат по 100 локалитети годишно
Проектот е фасцинантен ... и содејствува за проект на богата држава ... На прв поглед се е во ред со проектот ... сето тоа е навистина потребно ... НО ...!!??
Каде се историчарите во проектот и стручњаците за стари јазици ... Зошто нема интердисциплинарен принцип на проучувањата на Македонските аркео-локалитети од група на стручни лица Археолози, Историчари, Етнолози, Стручни лица за стари јазици ... Зошто ?? ... Толку ли е голема несоработката меѓу овие науки кои се сродни - и упатуваат една на друга ...
До сега група на ентузијасти што на свои блогови што пишувајки во Македонската Википедија направија вистински пробив во пишување за Македоските архео-локалитети ... Голема заслуга имаат и македонските новинари кои често пишуваат за архео-локлаитетите и археолошките кампањи ... Од стручни археолози кои се присутни на интернет со свои написи - јавно се има представено само археологот Василка Димитровска - која е пред крај со својата магистратура ...
Нејзини блогови на кои е активна и ни го представува своите стручни погледи се:
- Археолошки дневник vol.1 © ...
- Археолошки дневник - (минат блог) или минат труд ... и
- Археоблог(english version) ...
Последниот блог е посебно значаен поради пишувањето на англиски јазик ...
Студентите на Археолошкиот факултет го пишуваа ... Студентско Археолошко Здружение АКСИОС ... Велам пишуваа - сега сајтот не им работи ...
На интернет многу ретко скоро да не може да се најде труд пишан од некој археолог ... а за труд пишан на англиски јазик да не зборуваме ... Археолозите се научија да бараат големи суми на пари за издавање на нивните трудови - кои и по неколкугодишни завршени археоистражувања не се објавуваат во јавноста ...
Драги мои професори од Археолошкиот факултет ... угледајте се на професорите од некои други факултети (линк 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 , 11, 12, 13, 14, 15, 16, ...) кои со помош своите сегашни студенити направија - студентски трудови кои говорат за Македонското културно наследство ... Зошто вашите студенти немаат такви проекти ... Зошто ... Зошто Вие - вашите тудови не ги подигате на интернет ... за така да ја валоризирате вашата вредност ...вредноста на Вашите стручни и научни трудови ... Да ја ставите јавно на судот на јавноста - која може да биде и доста стручна ... зошто ??!!.
Зошто за сето тоа барате неколку милиони евра ...
- Digitalizacija ... arheologija ...
No comments:
Post a Comment