Search This Blog

Tuesday, July 17, 2007

ШЛЕГОВО - ПИСАН КАМЕН

Kolaz - Pisan Kamen pestera i sveta voda dobra za oci - podobro (Large).jpg

На патот према Шлегово (кратовско село за кое понатака ке видиме дека и не е баш село) кое од Кратово е одалечено само неколку километри - во еден предел близу до еден поток застанавме до една од многуте мистерии во овој крај ... Од патот горе каде ја оставивме колата на педесетина метри надолу лежи сега еден мал Манастир - кој е изграден близу до некаква испосничка келија ... близу која пак тече мал поток ... а од некаде извира вода која е каприрана во ена мала чешмичка ... вода за која се верува дека е добра за очите ... Оние кои имаат проблем со видот ... Додека сликав се примети дека над вдлабената испосничка келија во карпата има и две фрески во карпата кои за жал времето и негрижата ги избледела ... Келијата (пештерата де ..) е со капацитет слободно да сместат троица во лежечка положба ... На мала висина е од земјата ... ем лесно може да се качиш во неа ... ем додека спиеш сигурен си дека нема така лесно да пријде некое диво животно - кои во времето кога е келијата градена веројатно ги имало доста ...

Местото е наречено Писан Камен - во превод значи милостив камен ... Се сеќаам бабами викаше за некој што и се допаѓа “убава на баба како писана си“ ... Јас тоа го превидував како лична ... Или викаше “види колку е убава како писана да е“ ... Бабами е родена и целиот свој живот го има преживеано во релативна близина на Кратово ... Старо Нагоричани де ... поживеа 93 години ... Прикаската за излекување од болеста на слбиот вид е поврзана и со преспивање во келијата ... за што има голем интерес во одредени периоди од годината ... На сон им доаѓа на луѓето дека треба да преспијат во пештерата, да се мијат со водата ... и да оздрават ...

Во близина на испосничката келија е изградена и мала Црквичка која почнала да ја гради извесна жена од Шлегово - одкако и се сонило дека тука треба да подигне храм во спомен и почит кон св.Илија ... Таа започнала и изградила дел - но работата ја довршиле Кратовчани и жителите на Шлегово, со доброволни прилози и доброволна работа ...

Традиција на Кратовчани и блиското Шлегово е на ова место да се слави св.Пророк Илија и тука да доаѓаат за втори Август ... со сите адети на бирање кум ... ручек и другите обичаии ...

Се раскажува дека на времето кога требало да се гради пат - кој првично бил трасиран точно над местото над испоосничката келија и светата вода - се случило трагедија ... Имено едно дрво при неговото сечење паѓајки го усмртило човекот ... Некоја сила ги натерала луѓето потоа да го изместат патот таму каде сега проаѓа ...

Има податок дека Кратовско Злетовската област (Осоговијата) има скоро триесетина вакви пештери (скитови) во кои некојпат живееле испосници ... Осоговијата е полна со вакви јами и со испосници ... Не е случајно што во блиска околина има неколку познати испосници (пустиножители ...) кои живееле близу до Осоговските Планни како што се Гаврило Лесновски ... Јоаким Осоговски ... Рилски бо денешна Бугарија и Прохор Пчињски ... За сите нив кружат легенди ... но поврзани со настани кои се опишани и во историјата ... Сите се прогласени за светци и чудотворци и посветени им се големи манастирски Цркви ... кои опстојуваат и до ден денешен ... Тоа е времето на чудата во средниот век ... времето на мистерии ...

Kolaz - Pisan Kamen pestera i sveta voda dobra za oci - 2 (Large).jpg

Погледнете како прекрасни убави визури нуди Осоговијата и местата околу Писан Камен ... За очите вакви долги убави визури се прекрасен лек сами по себе ...

Овој напис е дел од серијалот на написите за Кратово и околината ... кој излезе како фото сторија од мојата посета на Кратово и околината од десети Јули (од пред некој ден ...) за што веќе имав напис - КРАТОВО и околината ... можни туристички приказни ...

На патот бев во друштво на Гордана Јаниекиевска - авторката на порталот Крале Марко ... а љубезен домаќин и водич ни беше Стевче Донев од Општинскиот центар за карпеста уметност од Кратово.

Се разбира има уште неколку фото приказни - од денот кој беше прекрасен за правење на фото приказни ... Останатите во некој друг ден ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter