Search This Blog

Sunday, May 25, 2008

4 Противпожарни возила донираше Велика Британија ...

Сликата “http://www.vest.com.mk/images/%7BCD3E82C0-02EF-4D3E-8FCB-B6C3EC2FEF85%7D_pozarni-2.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Не така одавна - минатата година Македонија првпат прогласи елементарна непогода од пожари и тоа за целата територија на државата ... Македонија гореше ... Како да се справиме со пожарите ... тогаш се утврди дека на Македонија евидентно и фалат противпожарни возила и други механички средства и опрема за гаснење на пожари ... мислев дека во овој огромен буџет владата ке одвои значителни средства за набавка на возила и опрема за гаснење на пожари ... но не прочитав дека има таква ставка ... ниту пак гледам во програмите на двете поголеми коалиции некој да третира зголемен ангажман од природни катастрофи ... во случајов пожари ...

читај повеќе »

Како и во други случаеви странските донатори подобро гледаат што ни фали - во случајот Владата на Британија виде дека ни требаат противпожарни возила и еве донираше четири ... од кои две за Свети Николе, и по едно возило за Штип и Гостивар ...

Освен противпожарни возила "Операција Флориан" донираше и дополнителна опрема, а 24 пожарникари-инструктори од Велика Британија од 12 до 22 мај обучија шеесетина македонски пожарникари за спасување жртви од пожар и сообраќајни несреќи. На завршната манифестација од проектот на "Операција Флориан" вчера во противпожарната бригада во скопска Автокоманда пожарникарите од Скопје, Тетово, Светиниколе, Гостивар и Велес демонстрираа што научиле од британските колеги.

  • МК има 30 ППБ со 740 вработени од кои во Скопје се 240. Според светските стандарди на 1000 жители треба да има еден пожарникар ... Кај нас имаме едвај на 3000 жители пожарникар ... со застарена опрема ... Едноставно е - треба тројно да го зголемиме бројот на пожарникарите и да не штедиме на опремата ... Пожар спречен во својот почеток заштедува милиони ...
  • Скопската противпожарна бригада нема примено нов пожарникар веќе 14 години наназат ... према планот фалат 70 пожарникари ... Во последните две години во скопската ППБ (противпожарна бригада) нема купено никаква нова опрема ... Недостасуваат 14 возила ... а оние кои се на располагање на ППБ Скопје се со старост од 15 до 30 години ... Има само две скалила за висококатници - со старост од три децении !!! ...
Ние изгледа знаеме да се грижиме за пожарите само кога тие ке настанат ... тогаш молиме по соседните земји за помош во техника ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter