Навистина е чудна нашава демократска процедура ... калкуланството во политиката е познато ... но некои работи се вообичаени во демократските земји ... секако и ТВ дуели на најсериозните кандидати ... Која е потребата на Груевски да го одбегнува дуелот со Шекеринска при така висок рејтинг/зи ... и фактите кои ги кажува во својата програма ...
Башка дама го предизвикува на дуел, а Груевски е и бивш спортист ... но добро тој и неговата партија веројатно си знаат што сакаат да постигнат со одбегување на ТВ дуелот ...
Груевски веројатно не мисли дека вечно ке биде на власт ... тој и самиот во неколку интервуи најавува дека ке дојде време кога власта ке ја освои некој друг, за разлика нели од некои поранешни вмровци кои велеа дека ВМРО ке владее наредните сто години ... дека, дури и птичките ке пејат ... дали тогаш Груевски ке очекува некој да му враќа на ист начин ... Башка најлошо од се е што граѓаните/бирачите во ек на изборна кампања се прашуваат - од што би се плашел Груевски ?? ...
No comments:
Post a Comment