Познато е дека албанските партии ги остваруваат ветувањата на своите избирачи ... но само до оној дел кога бараат државата да ги исполни нивните права, на албанците за кои бараат да станат конститутивен дел ... со што би си ја оствариле крајната цел основање на трета албанска држава ... охрабрени со Косовскиот модел тие уште имаат верба во своите идеали ... тие секојпат се здружуваат меѓу себе кога се работи за такви ветувања ... Проблеми прават само во изборните процеси кога во борба за власт меѓусебе користат недозволиви средства на сеење страв и присила ...
Скоро во сите досегашни избори по правило изборните нерегуларности се случуваат кај албанскиот електорат ... полнење кутии, заплашување, кршење кутии, гласање за цела фамилија, демолирање изборни штабови, носење оружје на изборите ... и сега дивеат, палат, пукаат дури и убиваат ... Се лажеме сите ако велиме тоа е нивна работа ... тоа сепак се случува во Македонија ... надлежните мора да излезат со брзи резултати во овие евидентни прекршувања - во ветената касапаната која започна во изборниот кампус на албанците ...
Синоќа го слушав Тачи како им вели на своите гласачи ... “ние не Ви ги земавме децата во војна“ ... “ние не пукавме и не се бавиме со насилие“ ... Се чини дека нема сила кој ке ја спречи касапаната која започна кај албанскиот електорат ... и малкуте казни кои ги имаше во минатите избори завршија со помилувања на председателот ни ... што порача тој со тие помилувања ... дека се тие невини бајчиња ... а сега гледам пред некој ден апелира до власта да ја спречи касапаната ...
Дури не гледам активности ни кај меѓуанародната, тие Тачи и на него сличните - ги имат на црна листа ... но секојдневно ги брифираат во своите амбасади и им даваат легитимитет во Македонија ...
No comments:
Post a Comment